Таг: портсмут

Викнете доброволец од публика да суди, ние се повредивме

Замислете да сте навивач, верен навивач со годишна карта и наеднаш, среде натпревар влетувате на терен да го судите мечот, бидејќи нема кој, инаку во спротивно ќе го прекинат.

Детето на Челси кое стана најмлад капитен после Џон Тери

Ретки се играчите кои можат да се пофалат дека од јуниорски, најмлади денови, стигнале до прв тим па дури и ја навлекле капитенската лента во омилениот клуб. Таков е Мејсон Маунт од Челси.

Култен момент со јавување во живо од Портсмут - Блекбурн

Крис Камара на 16 години служел во Кралска морнарица а после играл сериозен фудбал за Портсмут, Лидс Јунајтед, Шефилд Јунајтед, Мидлзброу. По крајот на кариерата работи како репортер од натпреварите во англискиот фудбал за емисијата Soccer Saturday.

Се прекрстил Портсмут, има 60 тетоважи за клубот и држи легендарна книжарница

Ова е приказна за фудбал ама е поврзана и со книги и покажува дека стадионската врева има иста драж како и книжевната тишина.

Нова епизода на хулиган како удира коњ на полицијата во Англија

Во 2013 година, после големото дерби Њукасл - Сандерленд избија нереди. Во целата гужва, 45-годишниот Бери Роџерсон му удри тупаница на полицискиот коњ. За тоа доби 1 година затвор и 6-години забрана да посетува стадиони. И сите беа сигурни дека вакво нешто веќе никогаш нема да се повтори. До вчера вечер.

Крауч за Просинечки: „Пушеше цигари пред натпревар, на полувреме и после натпревар“

Секогаш духовитиот Питер Крауч, кој летово на 38 години ја заврши кариерата и се повлече од фудбалот, и во минатото и денес има многу интересни приказни од теренот.

Морони од навивачи

Има навивачи и навивачи. Првите се оние кои грло оставаат на стадион и одат за да бодрат, а вторите се овие идиотиве на видеово кои се трудат да бидат што поголеми идиоти. Фудбалер на Сандерленд паѓа меѓу нив, а овие од Портсмут навивачиве место да му помогнат да стане, го штипат и го маваат. 

Светски познат фудбалер кој станал келнер за да преживее

Еден од подобрите напаѓачи на Уругвај, Дарио Силва се прослави во шпанската лига, посебно во Малага и Севиља каде постигна преку 40 гола на 115 меча. Во 2006 доживеа тешка сообраќајна несреќа после што му ја ампутираа ногата.

Фудбалер на Бристол го изведе најлошиот пенал на сезоната

Во англиската Лига 1 (трета лига), синоќа играа Портсмут и Бристол Роверс. При резултат 1-1, шпицот на гостите Џонсон Кларк-Херис ја опна топката над облакодерите во близина на стадионот. Интересно голот за Бристол претходно го даде токму Кларк-Херис од пенал ама пропушти да им донесе победа.

Дојдете ваму еден по еден

Извесен Омар Богл од Портсмут фати да си поигрува, да си поигрува и да си поигрува. Две зидановки им направи, онака најлабаво.

Како се слушаат навивачи на третолигаш на соседниот остров

Вака сега. Портсмут е англиски третолигаш кој игра на стадион со капацитет од 21.000 гледачи, а снимкава е направена на Хајлинг островите оддалечени на воздушна линија од 6,5 километри. Ако не верувате, тогаш пуштете ги појако звучките.

Просинечки ја димеше соблекувалната, ама на таква ѕвезда никој не му можеше ништо

Југословенската, а потоа и хрватска легенда покрај тоа што епитетот ѕвезда го доби во дресот на Црвена Звезда, а потоа беше дел и од Ел Класико и тоа од двете страни, една сезона мина и во англискиот второлигашки фудбал. Таму се служел со балкански манири за кои молчеле сите во тим.

Камерунецот со 21 браќа и сестри кој стана дел од „Непобедливите“ на Арсенал

Еден од 22-та браќа и сестри како мал со семејството се сели од Камерун во Шпанија која била почеток на неговиот фудбалски пат. Од другарствата со Марадона и Ето и многу трофеи, стана легенда на Арсенал.

Фудбалерот кој не може да не го сакате

Некогашниот репрезентативец кој одигра 43 меча за Англија и постигна 22 гола беше учесник на две Светски првенства. Кога имаше серија од 18 меча без гол, навивачите и новинарите го распнаа, а подоцна се отвори и се изнадава голови.

11-те голови во Англија и лудиот пресврт на Манчестер

Два незаборавни моменти кои се имаат случено на денешен ден, а се од поновата историја на англискиот фудбал не се испуштање. Првиот е највисокиот резултатот во историјата на Премиер лигата кој се случи на средбата Портсмут - Ридинг и пресвртот на Манчестер Јунајтед против Тотенхем по негатива од 0:3.

Најдраматични падови во клупскиот фудбал

Борусија Дортмунд ја одбрани титулата во Бундеслигата и стигна во финалето од ЛШ во 2013. година, но сега се борат за опстанок. Ваквиот пад на „милионерите“ нè натера да видиме кои некогашни гиганти имале слични падови, од кои уште не можат да се опорават.

Нов вид на ривалско тролање - соѕидан дрес

Двајца навивачи на Портсмут го искористија моментот додека работеле на изградбата на тренинг центарот на нивниот најголем ривал Саутемптон и сокрија дрес и шал од нивниот клуб во еден од ѕидовите.

Портсмут е доказ дека Венгер е во право

По вчерашните резултати во Англија, поранешниот член на Премиер лигата, екипата на Портсмут и официјално се сели во 4-та лига. Случајот на Портсмут е вистински доказ дека Арсен Венгер го одбра вистинскиот пат на Арсенал.

Навивачите го спасија Портсмут

По големата и долга неизвесност, како и патењето на најверните фанови, во Англија се случи најголемиот навивачки гест во историјата на фудбалот. Навивачите на Портсмут со свои пари го спасија поранешниот премиерлигаш и го вратија во живот.

На Портсмут му е важна секоја фунта

Поранешниот член на англиската Премиер лига, фудбалскиот клуб Портсмут се наоѓа во толкава финансиска криза што дури им наплаќа паркинг и на гостинските тимови кога со автобус ќе пристигнат на натпревар.