Тешко е да се анализира ваков меч, рече тренерот на Ридинг, Стив Копел после мечот на Фратон Парк одигран на 29 септември 2007-ма кој заврши 7:4. Тоа е натпревар со најмногу постигнати голови во историјата на Премиер лигата.
Портсмут на полувреме имаше предност од 2:1, а потоа во вториот дел Ридинг израмни на 2:2. Домаќините до 70 минута водеа со 5:2, а по 9 минути игра беше 5:3.
Од 81-ва до 94-та минута паднаа по еден евтогол на двете страни, а имаше и пенал за Портсмут кој Мунтари го претвори во гол. Бенџани од Зимбабве постигна хет-трик за домашниот тим.
Второто полувреме од мечот на 29 септевмри 2001 година на Вајт Харт Лејн, навивачите на Манчестер Јунајтед ќе го паметат како едно од најдобрите во историјата на клубот. Тотенхем имаше водство од 3:0 во првите 45 минути, но во второ на сцена стапија Енди Кол, Лорен Блан, Руд Ван Нистелрој, Хуан Себастијан Верон и Дејвид Бекам. Ги знаете така?