Банкротираниот Портсмут сега е третолигаш и моменталното раководство на клубот реши да ги намали сите трошоци, но и се обидува да заработи пари на секој можен начин.
Последната нивна идеја за собирање пари го изненади островото. Тие побарале 20 фунти за паркирање на клупскиот автобус на Карлајл со кој пристигнале гостинските фудбалери на саботниот натпревар. Официјалните лица на Карлајл биле вчудоневидени од барањето, но на гостинскиот тренер му паднало жал за судбината на Портсмут и тој решил да го плати паркингот.
Пред три години Портсмут се натпреваруваше во Премиер лигата, а во 2008-та година го освои и ФА купот, но големи се шансите дека од следната сезона тие ќе паднат и во четврта лига.