Култен момент со јавување во живо од Портсмут - Блекбурн

Крис Камара на 16 години служел во Кралска морнарица а после играл сериозен фудбал за Портсмут, Лидс Јунајтед, Шефилд Јунајтед, Мидлзброу. По крајот на кариерата работи како репортер од натпреварите во англискиот фудбал за емисијата Soccer Saturday.

Пред точно 10 години известувал за мечот Портсмут - Блекбурн од стадионот „Фратон Парк“, ама искрено признава дека не го видел црвениот картон кој го добил Ентони Ванден Боре. Водителот од студио Џеф Стелинг го прашува во живо: „Одиме кај Крис Камара на Фратон Парк каде има исклучен играч. Ками што се случува“? - Не знам Џеф, не видов. Имаше црвен? Јас па мислев дека излегува од игра а влегува замена, Џеф“.

 

3 април 2020 - 10:02