Ривалството помеѓу двата најголеми клубови од јужниот дел на Англија, односно дуелите помеѓу Портсмут и Саутемптон е познато како „Дерби на јужниот брег". Двата града се одалечени само 30 километри, но клубовите немаат често шанса да играат еден против друг заради тоа што вообичаено се во различни лиги, па навивачите мора да најдат друг начин за да го навредат противникот.
Во моментов се одвива реконструкцијата на тренинг центарот на Саутемптон, а на градилиштето биле ангажирани и неколку работници од Портсмут.
Помеѓу нив се и овие двајца „јунаци" кои ја искористиле шансата и соѕидаа дрес и шал од нивниот клуб во тренинг центарот на најголемиот ривал.
Од денес тие најверојатно се невработени.