Веста не е никаква заебанција, туку се случува викендов во 4. коло на мечот Портсмут - Челтенам во третата англиска лига.
Што се случува? Во 35-та минута од средбата има непредвидлива и ретка случка, а тоа е повреда на линискиот судија кој бил заменет со четвртиот.
Во вториот дел уште една беља, а тоа е повреда и на четвртиот судија кој застанал да биде линиски.
И кога мечот бил во прекин под опасност да биде прекинат, се барало преку разглас да се пријави доброволец од публика со искуство.
Се пријавил извесен Вулијан Браунинг, кој судел во локални лиги, инаку навивач на домашниот тим и тоа со годишна карта. Му дале опрема и го пуштиле на загревање.
„Сите што беа околу мене на трибина знаат дека сум локален судија. На почеток бев малку несигурен, ама кога упатија втор повик, си реков леле по ѓаволите. Не сум се симнал на тревникот на Фратон Парк уште од финалето на школскиот Куп во 1978-ма кога имав 11 години. Инаку поседувам годишна карта за цел живот.
Имаше адреналин во мене и бев загрижен за две работи, што ако има некоја спорна одлука или ако Портсмут даде гол. Како ќе реагирам? Зборував со главниот судија и му реков, што ако постигнеме гол“?, вели навивачот.
Мечот на крај заврши 0:0 со 21 минута продолжение поради прекините. Гостинскиот тренер, Вејд Елиот по натпреварот изјавил дека Браунинг е веројатно најдобриот судија што го имале догодина.
Aqui esta o novo árbitro (o rapaz que veio da arquibancada) 😶🌫️ haha pic.twitter.com/idWKDw7yyY
— Portsmouth FC Brasil (@PortsmouthFC_BR) August 19, 2023
Portsmouth vs. Cheltenham:
— Statman Dave (@StatmanDave) August 19, 2023
Linesman pulls calf 🚑
4th Official replaces Linesman 🔄
4th Official pulls calf 🚑
Play 🛑
Tannoy Announcement for qualified refs in crowd 📣
Cheltenham go back to dressing room 🔙
A fan in Fred Perry top steps in 🌟
Fan puts on a pair of golden boots… pic.twitter.com/UJ2yUkIqnj