Питер е роден во Маклесфилд, реонот Чешир но неговиот мајчин јазик не бил англиски: Кога Крауч наполнил една година, неговиот татко добил понуда во голема рекламна компанија во Сингапур и Пит таму првпат прозборувал на кинески јазик. Семејството Крауч во Сингапур живеело три години а потоа се вратиле во Лондон.
Немале многу пари на страна, па некое време престојувале во хостел близу паркот Риџентс каде ги поминале следните шест месеци.
Во еден момент малиот Питер Крауч решил да се посвети на фудбалот, а неговите родители Брус и Џејн по неколку години го спремиле 11-годишниот Пит за приватното школо во модерниот реон Хамерсмит на северниот брег од Темза.
Пит бил очаен: прво не сакал да се раздели од другарите, второ школската екипа играла добар фудбал а тој не бил заинтересиран за учење во приватно школо. Како резултат на тоа, Крауч намерно ги паднал приемните испити и останал во населбата Илинг.
Истата година, на 11 години, Питер почнал да тренира во младинската академија на Брентфорд кој станал неговиот прв професионален клуб. Во тој период Пит активно го следеле луѓето од Челси и Милвол. Скаутите од „Стемфорд Бриџ“ дури и формално го побарале Пит.
„Татко ми беше навивач на Челси. Во детството постојано одевме на ’Стемфорд Бриџ’, а јас дури и сум собирал топки од страна на натпреварите“, се сеќава Крауч на детството.
Но тогаш дошол до ваков заклучок: ’Ако во еден момент во клубот ме прогласат за неталентиран, татко ми ќе ме убие’. Во 1995. година Крауч премина во Тотенхем, а три години подоцна уште не стигнат до првиот тим, го праќале на позајмици. Прво во „Далич Хемлет“ од англиското фудбалско подземје каде дал сам еден гол. Потоа „Спарс“ го позајмиле во Хаселхолм од Шведска каде дал три гола на осум меча, но поминал незаборавни журки.
„Искрено кога и да пиеше пиво, се испостави дека подобро играше фудбал. Беше голем другар и многу љубезен. Најсмешно беше што без оглед на висината, тој играше ужасно со глава во дуел игра, а со нога беше класа играч“, се сеќава Содерберг, поранешен соиграч на Крауч во шведскиот Хаселхолм.
Во 2001. година Питер стигнал во Портсмут и таму се сретнал со Хари Реднап (Хари тогаш го смени Грем Рикс во сезоната 2001/2002). Од тој момент Хари и Пит биле готово неразделни: Во 2004. Реднап се сретна со Крауч во Саутемптон, во 2008 го донесе пак во Портсмут, а во 2009. напаѓачот го врати во Тотенхем.
Притоа Хари три пати го продаваше Крауч во други клубови: Од Портсмут премина во Астон Вила, од Саутемптон во Ливерпул а од Тотенхем во Стоук Сити. Во пролетта 2012 кога Реднап беше главен кандидат за селектор на Англија, Крауч ја поддржа неговата кандидатура и се пошегува: „Мислам дека ќе се распраша каде може да ме продаде од репрезентацијата“.
Првите месеци во Ливерпул му беа ноќна мора на Пит: Крауч на 18 меча по ред немаше дадено гол, и сè отиде по ѓаволите. Новинарите не работеа ништо друго освен на неговиот трансфер, а самиот Крауч се заклучувал дома, ги кинел весниците и престанал да гледа фудбал. Во еден момент бил толку растроен што сакал да се врати во Саутемптон.
А потоа на помош му дошол татко му, Брус, кој го качил во кола и го однел до најблискиот бар каде му рекол дека треба да се напијат. Потоа Рафа Бенитез го тргнал на страна и го тешел Крауч: „Добро ли си? Да знаеш дека мене ми е гајле што зборуваат и пишуваат и знам дека ќе издржиш. Играш добро“.
Конечно на 3. декември на „Енфилд Роуд“ дојде Виган и во 20. минута Крауч доби топка на средина на теренот, ја водеше до голот и кога шутна, таа се одби од некој од бековите на Виган и смешно го лобуваше голманот:
Навивачите полудеа од радост. Во 41’ минута Крауч пак повторни прими една топка, шутираше од подалеку а овој пат без помош од противничките фудбалери и Ливерпул поведе со 3:0. Пит бил на седмо небо а по мечот се вратил дома и пуштил телевизија.
А таму, во студиото на Sky Sports се зборувало за спорниот гол на Крауч. Никој не спомнал дека тој ја прекинал серијата од 20 меча без погодок. Тогаш Пит збеснал и барал телефон од Sky Sports. Се јавил и им рекол: „Дајте ми го бројот на главниот човек од Комитетот за спорни голови. Сакам да му ѕвонам и да дознаам што сум му згрешил? Да не сум му сторил нешто лошо на син му? Но во Sky Sports не поверуваа дека сум јас“.
Како резултат на тоа, на крајот голот му го припишале на Крауч и тој дошол при себе:
„Во големите клубови се се гледа под микроскоп. Секој има свое мислење. Но успеав и ова искуство ме направи подобар. Во извесна мера беше смешно затоа што дадов седум гола на следните осум меча а истите луѓе кои ме напаѓаа во првите месеци сега ми беа најголеми навивачи. Бев најлош играч на светот, а потоа станав составен дел од екипата“, се сеќава Крауч колку луѓе сметаа дека е најлош фудбалер во Англија.
Питер Крауч постигна многу убави голови за Ливерпул. Особено убав беше оној против Галатасарај кога по центаршутот на Финан скокна „во небесата“ како гимнастичар и направи ефектни ножички.
Во детството, Пит уживал да ги гледа напаѓачите на Челси, Кери Диксон и Италијанецот Џанлука Виали. Во дворот шутирал и се местел како нив. „Како мал гледав мечеви на Сампдорија и мечтаев да играм како Виали. Во детството сакате да давате само убави голови, нели? Луѓето мислеа дека поради мојата висина јас сум добар само во воздух, но тоа не беше случај, подобро играв со нога“.
Речиси никој не верувал дека Крауч од 2005. до 2010. ќе одигра 42 меча за Англија, ќе постигне 22 гола за репрезентацијата и ќе настапи на дури две Светски првенства.
Во 2006. година Пит смислил нов, уникатен начин на прослава на головите - глумеше робот. На крајот танцот на Робокрауч стана легендарен. Кога шетал по улица, многу луѓе со задоволство го правеле роботанцот. Кога репрезентативците на Англија го пречекале кралското семејство во базата, принцот Вилијам прво што побарал било Крауч да го одигра танцот на роботот.
Во шоуто A League Of Their Own водителот Џејмс Корден му предложил на Пит да исполни некое караоке, да испее нешто, а Крауч ја одбрал Blame It On The Boogie од Мајкл Џексон и направил шоу.
Напаѓачот на Стоук Сити важи и за крал на Твитерот. Толку е искрен што буквално нема твит под 10, 20 илјади фејвови и ретвитови.
Кога некој му пишал на Твитер ’Ми го уништи животот на Fifa, Крауч му реплицирал: На крај, барем играм некаде’.