Ликот на тенисерка која штотуку дозна дека заработила 5,3 милиони долари!

Русинката Елена Рибакина (26) која игра под знаме на Казахстан веќе неколку години, во големото финале на завршниот турнир од сезоната во Ријад, Саудиска Арабија, ја совлада најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка со 2:0 по сетови 6-3, 7-6. За тоа добила чек од 5,32 милиони долари што е најголема награда во историјата на женскиот тенис некогаш исплатена.

На патот до големото финале во Ријад, Елена Рибакина ги совлада Аманда Анисимова, Ига Швјонтек, Екатерина Александрова во три натпревари од групната фаза. Од секоја победа заработила по 355.000 долари.

Потоа во полуфинале ја совладала Американката Џесика Пегула за што добила плус страшна сума од 1,29 милиони долари пред да заработи уште 2,54 милиони долари за триумф над Сабаленка во финалето.

Заработила вкупно 5,23 милиони долари.

Претходно најголема исплатена парична награда заработи Арина Сабаленка која годинава славеше на Отвореното првенство во САД каде сумата достигна рекорд од скоро 4 милиони долари за победничката.

10 ноември 2025 - 14:25