Браќата Морис пак ги закачаат браќата Јокиќ

Долго време откако тензијата меѓу браќата на Никола Јокиќ и браќата Морис од НБА се стиши, сега полека пак ја распламса еден од Американците.

Маркиф Морис и Маркус Морис се познати во НБА по сè освен по добро владеење на теренот. Тие важат за едни од најпроблематичните кошаркари, најказнувани а едниот од нив неодамна лежеше и во затвор.

Во НБА немаа којзнае колку добри поентерски натпревари, а Маркус освои и шампионски прстен со ЛА Лејкерс 2020-та. Тој во еден момент имал 19,6 поени во просек со 5,4 скока по натпревар и 43,9% прецизност во шут од игра.

Маркус одигра 13 сезони во лигата а изгради репутација на грубијан, секогаш настроен на расправија со противнички играчи и со судии.

Брат му Маркиф беше лимитиран напаѓачки, повеќе играше одбрана и тоа на граница на фаул.

Во 2021-ва година на еден натпревар меѓу Денвер Нагетс и Мајами Хит, Маркиф Морис намерно го удри Никола Јокиќ и за малку ќе го повредеше. Србинот без размислување се залета да му врати и го собори на земја со силен удар во грб.

Маркиф потоа не играше до крајот на сезоната поради повреда на вратот. Многумина тогаш коментираа дека Морис конечно си го добил своето поради тоа што е проблематичен, а Јокиќ никогаш никаде не направил екцес на паркетот но сакал да стави до знаење дека не може лесно на него.

Таа епизода крена голема врева, Јокиќ заработи суспензија од 1 натпревар, а Маркиф беше парично казнет зошто ја започнал пресметката.

После натпреварот на друштвените мрежи продолжи закачката. Браќата Морис пишаа како „ќе му се врати на Јокиќ кога за тоа ќе дојде време“, а браќата на Србинот кои немаа ниту тој има друштвени мрежи, отворија профил и кратко им напишаа на Морисовци дека „ги предупредуваат што и да направат нема да заврши добро“.

И сè се смири до денес.

Сега во некој муабет во живо на мрежата Твич, браќата близнаци Морис одговориле на прашање за евентуална борба со браќата Јокиќ:

„Одрон. Тоа би било одрон. Секоја почит за нив, но кучкините синови погледни ги и ќе си речеш колкави се големи? Но погледни не нас, ја сум 2.03. Атлетска верзија за тие надуени кучкини синови што не можат да одат. Ќе ги разбијам во нивните гради. Ако збориме за боксување, лесно ќе се справам со нив, нема зобр“, рекол Маркус Морис.

Сега се чека одговор од гигантите Страхиња и Немања кои се високи и физички мошне силни. Вториов беше познат ММА борец, а првиот изгледа запрепастувачки. Страхиња пред неколку месеци изудирал навивач на НБА натпревар на трибините затоа што го навредувал брат му Никола и неговото семејство. Поради тоа неколку пати се појавил на суд и морал да плати казна на оштетениот кој пријавил тешки последици после долго време од нападот.

Но после сето тоа очигледно и двајцата браќа Јокиќ се смириле во меѓувреме и ретко се појавуваат во јавност.

11 ноември 2025 - 12:10