Сега после победата на неговиот Спартак Москва 1-2 над Ахмат на гости, Станковиќ збеснал по едно новинарско прашање на новинарот Адам Ахмадов: „Пред крајот од натпреварот му викавте на судијата 'Срамота!' Раскажете што бидна“?
Некогашниот тренер на Удинезе и Црвена звезда збесна после прашањето па му згрме на новинарот на англиски, па на италијански, па на српски, па на руски:
„Само го поздравував Богосавац (прим. ав. српскиот фудбалер Мирослав од Ахмат). Не знам за што зборите“.
Новинарот му заблагодарил на Станковиќ за одговорот но овој подивеал:
„Немате други прашања, а? Само тоа за судијата? Зошто ме провоцирате? Зошто не ме прашате за фудбал? Каква формација сме играле, кои измени сме ги направиле? Вие не знаете за тоа ништо, може да зборите само тоа...“
Станкович - маэстро, во время вью с английского перешёл на итальянский
— akinfern (@akinfern35) November 9, 2025
Переводчик либо в ахуе был, либо спецом бОльше половины не стал переводить🤣 pic.twitter.com/qwKcKqXEcP