Иднината на фудбалскиот клуб Портсмут конечно доби разврска. Најверните навивачи го спасија од згаснување својот омилен клуб со пари од свој џеб и станаа најголемото навивачко друштво кое ќе во иднина ќе раководи со екипата.
После многу препреки и влечења по судови, околу 2000 навивачи на Портсмут донираа по 1000 фунти и по 14 месечна стечајна постапка го спасија клубот од распаѓање.
„Ова е историски чин за нас. Нашето следно поглавје во оваа напорна работа е да го трансформираме нашиот клуб во заедница на која Портсмут може да биде горд. Таа одлука се донесе за многу подолго време отколку што очекувавме, но на крајот имаме резултат. Имаше моменти кога мислевме дека нема да успееме, но сепак нашата верба на крајот се исплатеше", изјави Ешли Браун, претседател на клубот.
Поранешниот сопственик Балрам Чаинраи од Хонг Конг тврдее дека клубот должи 12 милиони фунти и го држеше во заложништво, но реалните долгови сепак изнесуваа 60 милиони фунти.
Фудбалерите на Портсмут следната сезона ќе се натпреваруваат во четвртата лига, но навивачите веруваат дека со правилно водење, клубот може да го вратат барем до Чемпионшип лигата.
Портсмут заедно со Екситер се единстваните два клуба во Англија кои се во сопственост на навивачите.