Роден во 1969 година во тогашна Западна Германија од татко Хрват и мајка Србинка, Роберт Просинечки (49) во 90-те години важеше за еден од најдобрите фудбалери од среден ред. Се прослави како еден од ретките кои играле и за Барселона и за Реал Мадрид.
Како и многу млади хрватски таленти од дијаспората, така и малиот Роби заиграл фудбал во школата на Динамо Загреб но не добил шанса во првиот тим од легендарниот Мирослав Чиро Блажевиќ. Како игра на судбината, токму Просинечки стана продолжена рака на Чиро на Светското првенство 1998 во Франција каде Роби постигна два гола и беше еден од најзаслужните за третото место и бронзата на Хрватска.
Како и многу млади хрватски таленти од дијаспората, така и малиот Роби заиграл фудбал во школата на Динамо Загреб но не добил шанса во првиот тим од легендарниот Мирослав Чиро Блажевиќ. Како игра на судбината, токму Просинечки стана продолжена рака на Чиро на Светското првенство 1998 во Франција каде Роби постигна два гола и беше еден од најзаслужните за третото место и бронзата на Хрватска.
Неговиот талент беше потврден во Југославија и на Мундијалот 1990 во Италија каде го избраа за најдобар млад играч на Светското. Просинечки играше уште и на Европското 1996 со Хрватска и на Светското 2002 во Јапонија и Јужна Кореа. Никој како него во историјата на Мундијалите - единствен е што дал макар еден гол за две различни репрезентации: Југославија и Хрватска.
Prosinecki en los 90.... y ayer como entrenador de Bosnia🙄 pic.twitter.com/17aXcMW147
— EL FOROFO (@ZgzForofo) September 10, 2018
Откако се повлече од репрезентацијата во 2004, играше уште во Шпанија во Овиедо и Севиља пред да се пресели во Белгија (Стандард Лиеж) и Англија (Портсмут).
Кариерата ја затвори во Загреб.
Со завршувањето на играчката кариера, Просинечки се реши да се проба во тренерските води. До 2010 година кратко беше вд селектор на репрезентацијата на Хрватска а потоа мина две години во Црвена звезда каде навивачите го обожаваат поради титулата европски шампион од 1991 година.
По искуството во Звезда, Роберт Просинечки потпиша богат договор со турски Кајзериспор каде се уште неговиот стомак не стана вирален.
Во 2014 стана селектор на Азербејџан и тогаш очигледно почна да се поправа.
Во Баку сигурно убаво го гостеле затоа што Роби веќе беше далеку од својата идеална тежина. Се поправи многу за што и самиот зборувал во неколку гостувања на хрватските телевизии.
Минатиот јануари стана селектор на Босна и Херцеговина чија што фудбалска федерација му ја довери репрезентацијата по неуспешните квалификации за Светско првенство во Русија со претходниот селектор.
Роби одлично стартуваше во Лига на нации и победи против Северна Ирска 1:2 на гости во Белфаст. Во оваа група е уште и Австрија (вечерва играат против нив во Зеница од 20:45).
Селекцијата предводена од Един Џеко и Пјаниќ е решена да се пласира на ново големо натпреварување по настапот на Светското 2014 во Бразил. Во меѓувреме кружат слики од трансформацијата на Роберт Просинечки низ годините.