Кога некој припаѓа на антологиската генерација на Црвена Ѕвезда која стана првак на Европа и светот, а потоа ги облекува дресовите на Реал Мадрид и Барселона, значи дека се работи за нешто посебно.
Кога некој пред крајот на кариерата ќе заигра за Савски Мароф затоа што тоа му бил детски сон, а потоа ќе изјави дека победничкиот трофеј на турнирот во мал фудбал „Кутија шибица“ му е поважен отколку трофејот во Лигата на шампионите на Халанд, тоа значи дека тој е пред сè е скромна и уникатна личност.
А кога некој по завршувањето на кариерата, оди да работи како тренер во Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора и насекаде предизвикува еуфорија во јавноста, тоа значи дека и сите други во него препознале особина на искреност, поштеност и безусловна симпатија.
Единствен играч во светот кој постигнал гол на две светски првенства со две различни репрезентации. И единствен кој за два дена играше за две селекции, младинската и А репрезентацијата на својата земја.
Роберт Просинечки ќе остане засекогаш запаметен како еден од симболите на најсилната и најславната Црвена Ѕвезда и Југославија, а потоа и на Хрватска, како и еден од најпопуларните фудбалски ликови во целиот регион.
Кариерата му почнала во Динамо Загреб на 17 години, но одиграл само два натпревари. Гол против Железничар на дебито, 20 минути против Слобода и толку. Чиро Блажевиќ на бизарен начин му ставил до знаење дека не е играч за клуб со амбиции како Динамо.
„Во понеделник на радио имаше многу популарна емисија за домашниот фудбал. Чиро беше гостин и на прашањето зошто не игра Просинечки, тој рече дека не се трудам доволно, дека никогаш нема да станам играч и дека ќе си ја запали тренерската диплома ако Роберт направи голема фудбалска кариера. Одговорот ме запрепасти. Дали требаше да дознаам такво нешто преку радио?“.
Затоа слух за него имал тренерот на Црвена Ѕвезда, Велибор Васовиќ каде младиот Роби заминува во 1987-ма и на 22 години освоија Куп на Европски шампиони и ги достигнува фудбалските височини.
„Кога имаш 18 години и потпишуваш за голем клуб ти треба малку „туркање“ кое ќе ти помогне квалитетите брзо да дојдат до израз. Тоа ми се случи со Велибор Васовиќ. Помина долго време во Холандија и донесе некои нови, модерни методи во нашиот фудбал. Инсистираше на вежби по јога и часови по англиски јазик. Веднаш ми даде шанса на стартот на првенството и јас во Сплит бев херој против Хајдук. Му го наместив голот на Мусемиќ за 1:1 и асистирав при двата пенали за Ѕвезда, со тоа што Пикси го промаши првиот, а вториот го погоди за конечни 2:2“.
За Светската титула во Чиле, една од најубавите страници во историјата на југословенскиот фудбал.
„Чиле беше отскочна даска во нашите кариери. Во цел свет почна да се пишува дека таму на југ живеат некои деца кои играат многу добар фудбал. Васовиќ прво се бунеше затоа што не ми дозволија да се вратам за мечот со Бриж, но и тој брзо се предомисли. Впрочем тој ја предводеше делегацијата на Црвена Ѕвезда која не пречека на аеродром по враќањето од СП. Пикси ми подаде букет цвеќе, се сликавме со трофејот што го добив за најдобар играч на турнирот. Сè се смени по Чиле. Почнаа и клубовите другачије да не гледаат.
Со одлука на Извршниот одбор на Црвена Ѕвезда, два дена по Чиле, по итна постапка, од двокреветна соба во хотел Србија, Роби се преселил во двособен стан.
„Од еднокреветна соба, не претерувајте. Тоа чувство не може да се опише. Влегувам во станот и крај. Круната на глава. Ти се чини дека си освоил сè и дека не мора повеќе да играш фудбал“.
Со Пикси станаа убиствен тандем на средината на теренот:
„Не можам да кажам дека заминувањето на Пикси во Марсеј ме радуваше, бидејќи одлично работевме заедно и имавме исклучително коректен однос. Факт е дека добив повеќе простор во играта, во смисла дека конечно имав можност да изведувам пенали и слободни удари. До тој момент секој прекин беше негов. Дури и корнер. Жал ми е што не остана со нас барем уште една година, заедно да го освоиме Купот на шампионите, а потоа нека оди каде сака“.
Барем заедно ги одиграа сите 120 минути на четвртфиналето против Аргентина на Мундијалот 1990.
„Сега ќе ви кажам како беше. Немав поим дека ќе играм, навистина. Швабо немаше навика на ден пред натпревар да открива кој ќе биде во стартните 11. Катанец се повреди, што ослободи едно место во тимот. Во Фиренца беше пеколно топло. Едвај се дишеше. Имавме играч помалку и бевме многу подобри од Аргентина. Се редеа шанси пред голот на Гојкочеа. Не беа толку јаки како четири години претходно во Мексико. Се сеќавам два дена пред мечот со Шпанија, го гледавме преносот од нивниот натпревар против Бразил и навивавме за Аргентина. Бразилците ги малтретираа 80 минути, напаѓаа, создаваа шанси. И потоа оној вонземјанинот измисли додавање до Каниџа, 1:0 и збогум Бразил. Ќе ни беше многу потешко против Бразил“.
Неапол им се насмевнал. Дуел со домаќинот на Светското првенство. Историја. Вечност.
„За утеха останува средбата со Марадона. Ни беше пример, херој на нашето детство. Замислете како се чувствував кога го слушнав неговиот избор на идеални 11 играчи против кои играл во кариерата. Фонсека, Матеус, Ван Бастен, Роби Баџо, Гулит ... и Просинечки. Дали е можно? Моето име меѓу сите тие ѕвезди. Ми се чинеше дека сонувам".
Два пенали во Цирих, два хируршки изведени удари на Роберт Просинечки, беа само загревање за предизвиците што ја очекуваа Црвена звезда во продолжението од КЕШ.
„Искрено, дури по првиот полуфинален натпревар во Минхен почнавме да сфаќаме дека можеме да го освоиме трофејот. Во ред, ги исфрливме Грасхоперс, Ренџерс, Дрезден. Но, Баерн припаѓа на друга димензија. Цела вечност немаат загубено меѓународен натпревар. Далеку од тоа дека не бевме свесни за нашите квалитети. Имавме многу силни карактери во тимот, момци кои се родени победници. Дрски и безобразни во играчка смисла. Талентот не вреди без победнички менталитет. Чувствувавме дека генерацијата е кадарна за големи работи и си рековме зошто да се задоволиме со полуфинале. Одиме понатаму“.
До 29 мај 1991 година, Бари се сметаше за град на Свети Никола. После тоа стана градот на Дејо, Роби, Дарко, Миха, Југо и останатите херои од Маракана.
„Не одведоа неколку дена порано во Монополи. Се согласувам со некои мои колеги кои велат дека предолго сме биле изолирани од светот. Како да имаше страв од Марсеј. Многу време се трошеше за тактика, делење задачи и кој кого ќе чува. На крајот, квалитетот на играта не беше на ниво на финалето на најголемото натпреварување. Но кој те прашува. Го освоивте трофејот, влегувате во историјата и играта оди во заборав“.
Некои постари генерации на Црвена звезда знаат да кажа дека сте одиграле слабо, а сепак сте освоиле европски трофеј.
„Љупко ниту еднаш не праша дали сакаме да играме добро или да го освоиме трофејот. Тактиката ја постави да се оди на нерешен резултат. И тоа беше веројатно единствениот начин Ѕвезда да победи. Кога Савичевиќ се повреди и му отстапи место на Стошиќ во 84. минута беше јасно дека се префрламе на тотална дефанзива. Дека можевме подобро, можевме. Дали сме среќни и задоволни? Апсолутно сме. И тоа е поентата на целата приказна“.
И покрај сè за Чиро вели се најдобро. Во времето на Роби, на Максимир владеел дух со бела шамија во форма на Чира Блажевиќ. Според многумина, најконтроверзната личност на југословенскиот фудбал, кој морал да биде прашуван за сè и сешто има врска со Динамо. Од составот на тимот, до списокот на гости во свечената ложа, до кои видови зачини готвачите ќе ги користат за оброците во мензата.
„Да бидам јасен, за Чиро мислам сè најдобро. Како млад играч, можеш да му се налутиш на тренерот и можеш да си дозволиш да дадеш некои изјави кои можеби не се соодветни. Му простив и после сè станавме големи пријатели. Особено во последните една или две години пред неговата смрт. Живеевме многу блиску, поминувавме многу време заедно и многу се дружевме. Знаете што вели Џибони во една песна: 'Di svako drži svoju stranu i ponosa i gluposti, мoglo bi bit da je lakše umrit, nego ljudima reć oprosti'. Јас му простив на Чиро и засекогаш ќе го чувам во моето срце како господин и голем стручњак. Како фраер кој почна од тревник и направи револуција во фудбалот“.
„Реал е Реал“, ќе каже Просинечки.
Интересот на европските гиганти за услугите на Роберт Просинечки започнале многу пред финалето во Бари. На еден турнир во Мадрид, тој го импресионира Хесус Хил, кој веднаш испратиl двајца свои доверливи луѓе во Белград, Рубен Кан и Роберт Дејл, со задача да го следат секој чекор на новата ѕвезда на европскиот фудбал.
„Имаше сигнали од Милан и Јувентус. Сепак, Реал е Реал. Благодарение на мојот трансфер Мендоза победи на изборите во Мадрид и го продолжи мандатот на чело на кралскиот клуб за уште пет години. Но, се беше совршено додека не дојде повредата. Потоа операцијата, долга пауза, опоравување. Мислам дека сум единствениот фудбалер во светот кој имал проблеми со предната ложа. Потпишуваш за најпознатиот клуб во светот, а потоа повеќе би сакал да го преспиеш цел тој период и да се разбудиш во некој друг дел од светот. Медиумите почнаа да пишуваат дека сум направен од кристал, дека никогаш повеќе нема да играм врвен фудбал и тоа дополнително те убива. А сè би било полесно да се поднесе ако во првите две сезони не ја изгубевме титулата на магичен начин. Во последно коло и два пати во Тенерифе. Водиме 2:0, губиме 3:2. Кажете ми, дали е тоа реално?“
И за крај, изборот на Роби на идеалните 11 со кои настапувал во кариерата и збор, два за Роналдо.
ТОП 11 (4-3-3): Руње - Кристобал, Јеро, Билиќ, Јарни - Рафа Паз, Бобан, Сушиќ - Роналдо, Крауч, Савичевиќ. Тренер: Јохан Кројф.
„Одигравме само неколку натпревари заедно, но како да не го ставам во тим? Би бил неправеден кон себе и кон другите. Поради него Панчев, Шукер и Бокшиќ мора да одат на резервната клупа и тоа доволно кажува. Го имав покрај себе баш во периодот кога беше на врвот на својата моќ. Туку што дојде од ПСВ, млад, желен за докажување, гладен за голови. Не можете да верувате каква брзина беше тоа, сила, техника, експлозивност. Признавам се што направи со Интер, Купот на УЕФА, Златна топка, сè е тоа во ред. Но никаде не изгледаше толку моќен како во Барса. Против Компостела ја зеде топката на нивната половина и отиде. .. еден, два, три, четврти, петти, шести... паднаа како иглички. Фраерот влезе во гол како да нема никој на теренот“.