Пред распадот на Југославија, земја со светски моќен колектив во повеќе спортови, фудбалската селекција обезбеди пласман на СП 1990 и ЕП 1992. Европското за жал не го одигра бидејќи доби забрана од УЕФА, а со Мундијалите се прости во Италија.
И претходеа квалификации во групата број 5 кои ако ги погледнете веројатно ќе помислите тука фаворит број 1 за прво место е Франција. Но тоа беа други времиња во кои стравот меѓу другите го сееше и неповторливата и незаменливата Југославија која држеше лекции по фудбал.
Дел од овие златни дечки, во 1987-ма отпатуваа во Чиле да учествуваат на Мундијалот за играчи до 20 години. Ги испратија тивко со еден новинар, чисто како учесници, а се вратија херојски како светски прваци.
Во квалификациите за СП Италија 1990, Југославија покрај со Франција се падна во група и со Шкотска, Норвешка и Кипар. Одиграа осум меча во кои никој не успеа да ги победи.
Кипар и Норвешка ги совладаа по два пати, а со Шкотска и Франција имаа скор од две победи и две нерешени.
Прв стрелец во тие квалификации беше Дејан Савичевиќ со 3 гола, Среќко Катанец, Драган Стојковиќ – Пикси, Фарук Хаџибегиќ и Златко Вујовиќ постигнаа по 2, а Дарко Панчев, Предраг Спасиќ, Вујадин Станојковиќ и Сафет Сушиќ по еден.
Со силната Југославија на тој Мундијал отпатува и Шкотска, а извиси Франција предводена од селекторот Мишел Платини кој во состав имаше играчи од типот на Ерик Кантона, Жан Пјер Папин, Дидие Дешамп и Лорен Блан.
Ова е само кусо навраќање од доминантната Југославија кога мава на носталгија.
Уживајте во головите
Тука Кобра фали
Сите учесници на СП 1990