Парадоксот на нападот на Франција на СП 2002

Речиси и да нема Мундијал без некоја селекција да не нагази на мината позната како „изненадување“ и да си ги спакува куферите уште во групна фаза. Епа ова на Франција беше бетер и од изненадување. Се изгорија како никој.

Светското првенство во 2002-ра година во Јапонија и Јужна Кореја го одбележа моќниот Бразил кој под водство на најдобриот стрелец Роналдо со 8 гола, стана првата селекција во историјата со 5 златни пехари.
 
Најнеочекуваниот белег на тој Мундијал го оставија Корејците кои прво во групна фаза ја совладаа и ја испратија дома Португалија, а потоа во нокаут фаза направија две огромни сензации елиминирајќи ги велесилите Италија и Шпанија за историско полуфинале.
 
Цареви на тоа Светско беа Турците кои со славниот Хакан Шукур завршија трети, а лузери покрај другите беа и Хрватите кои по бронзата на СП 1998 беа елиминирани во групна фаза, исто и Аргентина кој си замина предвреме дома, а ги имаше Креспо, Лопез, Батистута, Оргета, Верон, Занети, Симеоне...
 
Но како и да ја вртиме, најголемиот срам на тој Мундијалот го изеде Франција. Не само затоа што е Франција, туку и затоа што отпатува како бранител на титулата и европски првак, а дозволи Данска и Сенегал да одат во нокаут фаза.
 
 
По прво коло загубија од Сенегал, во второ ремизираа со Уругвај и во трето пораз од Данска.
Што е тука парадоксот?
 
Селекторот Роже Лемер во состав ги имаше најдобриот стрелец од Премиер лигата, Тиери Анри од шампионот Арсенал, најдобриот стрелец од Серија А, Давид Трезеге од шампионот Јувентус и најдобриот стрелец од Лига 1, Жибрил Сисе (Оксер).
 
И знаете колку гола постигнаа. НУЛА. Не тие тројца, туку цел тим. 0 дадени, 3 примени.
 
А да не зборуваме дека во Франција тогаш играа и Зидан, Виера, Вилторд, Макелеле, Џоркаев, Турам, Десаи, Лебев, Лизаразу, Бартез...
 
Што ти е фудбал.
5 јуни 2018 - 11:14