Никогаш не беше лесно сите да се сложат околу Давид Трезеге. Додека едни тврдеа дека е незаменлив, други додаваа дека е само еден од многумината. Сепак едно е сигурно, за бројките не може да се дискутира. Бројките на Французинот раскажуваат приказна испишана од 294 голови на 593 настапи на клупски план и 34 голови за репрезентацијата на Франција).
Денеска Давид Трезеге полни 38 години. Се пензионираше пред 12 месеци по авантурата во Пуне Сити во Индија, а сега е претседател на здружението на Легенди на Јувентус.
Совршениот меч за Јуве против Реал и голот ала Трезеге пред 12 години:
Пред 15 години го реши финалето на Европското првенство против Италија. Гол што ден денес ги боли Италијанците кои имаа 1:0, па Вилтор израмни на 1:1 за Трезеге да постигне златен гол:
Истата година волеј со десна, еден од поубавите голови за Франција:
Јуве се бараше уште после Калчополи и Серија Б. Давид Трезеге немаше потреба да се бара. Го одлучи градското дерби во судиското продолжение со ефектен гол:
Херој на два света. Еврогол за Ривер Плата:
По Јувентус, Трезеге ја одбра Шпанија и потпиша со Херкулес од Аликанте. И покрај тоа што го смени дресот, Реал му остана омилена жртва:
Како дете, во дресот на Монако на 19. март 1998. година играше против славниот Јунајтед на Олд Трафорд во ЛШ и го матираше Рајмонд ван дер Гув, голманот кој му беше резерва на Питер Шмајхел:
Голот против Милан за титулата во 2004/2005, на асистенцијата со ножички на Дел Пјеро:
Можеби не беше Најважниот гол во неговата кариера, како што е насловено видеото, но со овоаа бомба со лева, Трезегол го врати Ривер Плејт во првата аргентинска лига:
Идол на три света стана со првиот гол во Индија, во дресот на Пуне Сити ФК: