25 години од прочуениот златен гол на Давид Трезеге
2 јули, 2000-та. Едно од оние финалиња кои не се забораваат. На сцена великаните Франција и Италија. Марко Делвекио го отвои резултат во 55 минута и кога се чинеше дека европската титула е обезбедена, Силвијан Вилторд израмна во 94-та минута. Во продолженијата, шок за Италијанците. Давид Трезеге постигна златен гол, вреден трофеј.