Приказна за фудбалскиот пат на Матиас Алмеида

Бев бунтовен како Јоко Оно и Џон Ленон

Фудбалерот за кои навивачите на Лацио извадија знаме „Сакаме 11 Алмеиди“ се избори со алкохолизам, депресија и апатија, го освои Супер Купот на Европа, се врати во татковината и успеа да го врати Ривер во првата лига.

Детство
 
Од дома заминал на 15 години. Некој друг би се радувал на негово место, но не и малиот Матиас. Владата на Аргентина изградила триесетина куќи за социјалните случаи, еден дом бил за семејството Алмеида: 32 квадратни метри, црно-бел телевизор и слабо греење. Малиот Матиас секогаш бил последен во редот за капење, пред него двете постари сестри, така што тој се прскал во студена вода.
 
Како дете собирал бакар на улица, продавал старо железо, а со парите се пријавувал на турнири со другарите каде освојувале разни награди меѓу кои портокали и банани кои ги лупеле на патот кон дома.
 
Еден ден татко на негов другар го препорачал кај тренерот на децата во Ривер, Федерико Ваиро. Матиас отишил на проба, не поминал, но барем успеал да земе автограм од голманот Гоикочеа и полушпицот Борели. Годишно во Ривер доаѓале по 10.000 деца на проба. Матиас се вратил за еден месец, па после еден месец утште еднаш и на крај тренерот Ваиро му рекол: „Добро, примен си, но нема место во домот“.

Дедо му на Матиас Алмеида бил пензиониран полицаец кој работел како чувар во една фабрика за текстил. Од Азул каде што живееле до Буенос Аирес оделе камионите од фабриката, по што дедо му договорил во еден од нив секое сабајле да патува и внук му до реонот Пуерто-Мадеро.
 
Но малиот не можел секој ден да патува по седум часа и поради тоа се собрало целото семејство: вујковци, тетки, баби и дедовци и решиле да дадат пари за Матиас да спие во хотелот Гуанами во Буенос Аирес.
 
А во хотелот бил единствена ѕвезда во хотелот. Имал заедничка кујна со другите, кревет, плакар и телевизор. Мајка му му носела телешки котлети, но тој не ги јадел а еден фрижидер користеле 40 луѓе од хотелот. Матиас плачел навечер, навикнат да спие покрај постарите сестри, а сега наеднаш на 15 години е сам.
 
Ривер Плата

Година дена подоцна, Ривер му плаќал по сто пезоси и Матиас можел да изнајми пристојна куќа. На тренинг патувал со воз и пак лошо се хранел. Во 1991. година првпат се појавил на тренинг на првиот тим. „Колку си тежок?, го прашал тренерот Пасарела. -70. Ако сакаш да останеш во Ривер ќе мора да седиш во нашиот дом".

А таму Матиас запознал многу нови другари и работи: На пример дека некои негови колеги веќе станале татковци и тој фасциниран од тоа, почнал да бега од хостелот навечер, но го фатиле и од два до осум морал да ги риба ходниците на „Монументал". Кога една вечер бегал пред мечот со Бока Јуниорс во јуниорската лига, налетал на тренерот кој не ги поздравил и само се намуртил.

„Знам, ќе седам на клупата", рекол Алмеида.  „И тоа во главниот натпревар на сезоната“. Утредента тренерот Алехандро Сабеља му рекол: „Смири се, и јас сум бил меѓу 18 играчи и сум седел на клупата". А 23 години подоцна ја водел Аргентина до финале на Светско првенство.

Наскоро Алмеида дебитирал за првиот тим а следниот ден се вратил на стадионот со џогер и кофа вода.

По дебито, Матиас одиграл шест меча за две години. Тренерот Пасарела барал од него да ја скрати косата и да се среди, но Матиас одбил и го пратиле во четвртиот тим каде се здружил со бекот Густаво Инсауралде со кој пушеле по 10 цигари на ден.

На 20 години, Алмеида барал од Пасарела да го пушти во Сармиенто. „Они даваат три илјади пезоси. Не брзај. Ако го продадеме Густаво Сапата во Јапонија ќе имаш место во екипата".

Сапата го продале, Алмеида заиграл, во 1994. година добил два црвени картони за четири дена, во 1995. година промашил пенал во серијата пенали во полуфинале на Копа Либертадорес, но следната година бил прецизен и ја освоил титулата.

Олимпијада

По добрите настапи, го викнале во Олимписката репрезентација на Аргентина. Во четвртфиналето ја победиле Шпанија, Креспо дал гол во триумфот од 4:0. Во финалето Аргентина загуби од Нигерија за која настапија 11 фудбалери кои играа во Европа.

Алмеида станал вториот клиент на агентот Маркос Франки после Марадона. Франки изјавил: „Барселона го сака Алмеида, а Реал за него на Ривер му го дава Фернандо Редондо кого го купија за милион долари. Но Матиас неискусно се издал во едно интервју: „Да, би сакал да останам во фудбалот цел живот, а за трансферот? Не, нема да играм за Реал. Му дадов збор на претседателот на Севиља".

Шпанија

Андалузијците за Алмеида платиле 9 милиони долари, што било рекорд во Аргентина. Тој дошол во Севиља со приватниот авион на претседателот и дознал дека ќе има презентација на стадионот „Санчез Писхуан" пред 12.000 навивачи. Но прво ручек. На маса - шунка, сланина, кашкавал, вино и шкампи. Алмеида рекол дека е заситен, иако се правел наудрен затоа што првпат во живот видел шкампи и не знаел како да ги јаде.

„А што треба да правам на стадионот? - Малку ќе пожонглираш, ќе шутнеш неколку пати, ќе направиш некој дриблинг и на крај ќе ја шутнеш топката во публика. Просто е".

Стадионот се полнел, а Алмеида немал копачки со себе. „Ништо, ќе ти дадеме копачки. -Но јас имам договор со Најк, мора да носам само нивни копачки, инаку ќе го раскинат договорот". Му нашле Најк копачки број 44 и на теренот делувал како скијач на трева. Жонглирал 2 минути и на крајот ја шутнал топката на горните трибини каде немало никој.

Наскоро дознал и за писмото од Федерико Виаро, првиот тренер на децата во Ривер. Меѓу низата документи што ги поптишал Алмеида имало и еден лист во кој пишувало дека Ваиро мора да добие процент од следниот трансфер. Така Матиас останал пократок за 200.000 долари.

Во првите четири кола во Севиља - три порази. Од Алмеида очекувале многу како сребрен медал на Олимпијада, но тој не се снашол со соиграчите. Навивачите почнале да го пцујат, но кога виделе дека пешки си оди дома после секој тренинг престанале да го напаѓаат. Во исто време Реал Мадрид станал шампион, а Севиља испадна од лигата.

Истиот Реал што му нудеше договор на Алмеида.

ЛациоКога играл за репрезентацијата, му ги споделил на својот другар Хозе Шамот од Милан проблемите во Севиља. Наскоро Шамот го препорачал на менаџерите на Лацио кои во март таа година слетале во Барселона да гледаат како Алмеида ќе се справи со Роналдо, најдобриот играч на светот.

Аргентинецот добро го чувал но во 60-та минута добил втор жолт картон и Севиља примила три гола. Три месеци подоцна Алмеида стигнал во Формело, тренинг центарот на Лацио, но видел луѓе облечени како за Венецијански фестивал и помислил дека ја згрешил адресата. А таму Сињори, Казираги и Бокшиќ.

„Вечер мора да ти купам ново одело. Ќе те избегнуваат ваков во соблекувалната", му рекол Шамот. „Но моите предци се индијанци, јас сум навикнат да се облекувам просто":

После долги преговори Алмеида се согласил да ги врли обетките, ланчињата и алките, но морал да ја задржи сликата на Гојко Митиќ, Србинот од Лесковац кој глумел во преку десетина филмови за Индијанците.

Тренерот на Лацио не сакал многу додавања на средината. Идеално му беше Михајловиќ да ја лупне напред, а таму Виери и Сала да се борат со противничката одбрана. Ако не, „Циганот" е должен пак да им ја земе топката.

Во Рим го викаа „директорот за безбедност". Алмеида пред Светското '98-ма се повредил, но за римскиот клуб играл под инјекција. На Мундијалот во Франција дошол со температура и грозница.

Одиграл под инјекција со Јапонија и Хрватска, а третото коло против Јамајка го гледал од клупата. Подоцна играл 120 минути во плејофот со Англија, и во второто полувреме влегол од клупата против Холандија. „Аргентина испадна, но јас од Франција се враќам непобеден", изјавил Алмеида.

На тоа Светско Аргентина ги бојкотирала новинарите поради тоа што пишувале за некаков допинг на Верон. Поранешната манекенка Лусиана Пене, која работела како репортерка на Светското била вљубена од детството во Матиас Алмеида.

Лусиана се занимавала со гимнастика кога имала 10, а Алмеида играл фудбал на 15 години во Ривер. „Напушти ја телевизијата и дојди кај мене во Рим. Но има уште еден проблем, јас сум женет". Со Марија, првата жена Матиас бил шест години, но таа побарала развод и му земала многу пари.

Во шампионската сезона на Лацио имаше четворица Аргентинци: Верон, Сенсини, Симеоне и Алмеида. Екипата се бореше со Јувентус за титулата, по што газдата Серџо Крањоти и понудил на секој по 100.000 долари да не летаат на секој месец-два во Јужна Америка за квалификациите. Сите го одбиле.

Новата сезона почна со Супер Купот против Манчестер Јунајтед. На два дена пред него Алмеида дознал дека не го планираат во составот, ја соблекол и фрлал маицата, го напуштил тренингот и заминал дома.

„Бев како Џон Ленон и Јоко Оно кога протестираа против војната во Виетнам", му раскажал Матиас на новинарот Диего Борински во биографската книга Alma y vida.

За половина час во дневната соба му дошле спортскиот директор на Лацио Нело Говернато и Масимо Крањоти, синот на газдата.

„Продајте ме, не сакам да играм веќе овде!", викал Алмеида. Наскоро се договориле со Еириксон, а Аргентинецот барал само да игра во Супер Купот по секоја цена. На крајот влезе во составот и му помогна на Лацио да го победи Јунајтед. Истата година му го даде евроголот на Буфон и го трампаа заедно со Консеисао во Парма за Ернан Креспо.

Во Парма му се сменија пет тренери за четири години, Французите Ламуши, Богосјан и Мику си подаваа меѓу себе и не го играа, поради што Алмеида бил бесен.

На две кола пред крајот Парма била четврта со осум бода зад Милан и десет зад Лацио. Во претпоследното коло Парма загуби од Верона која се спаси од испаѓање, а во последното коло гостуваа кај шампионската Рома на Капело.

„Моите пријатели во Парма викаа дека играчите на Рома сакале да им ја пуштиме, затоа што нас не ни треба, а нив им е за титула. Јас одбив. И Сенсини исто", вели во својата книга Алмеида. На мечот некои играчи не играле како треба, и во вториот дел Аргентинецот барал замена. Парма загуби 3:1.

Наскоро Алмеида замина во Интер каде во рок од една година два пати ја скрши ногата и падна во депресија. Ја носел ќерката во градинка и ја земал, а остатокот од денот пиел вино и потпаднал под алкохолизмот. Еден ден жена му го снимала на скриено видео и потоа го посрамила кога му покажала како се однесувал пијан.

Враќање во Ривер Плата

По враќањето во татковината почнал да игра со ветераните на Диего Марадона, а на една турнеа во Норвешка, Хенинг Берг, поранешниот стопер на Јунајтед му предложил да одигра два меча за норвешкиот Лин.

Во 2011 година Алмеида со големи болки играл за Ривер, а после секој тренинг морал да легне во студена када полна со мраз. По драматичното испаѓање на Ривер од лигата, првпат во 110 годишната историја на клубот, Алмеида немал намера да избега и прифатил да биде тренер.

Им се јавил на Кавенаги, Трезеге и Алехандро Домингес: „Помагајте да го вратиме Ривер во Примера". Набрзо во стручниот штаб ги викнал Хосе Шамот, Габриел Амато и Карлос Роа.На крајот од '90-те години Роа беше еден од најдобрите светски голмани, го бараа Челси и Манчестер Јунајтед, но во 1999. година тој под влијание на Адвентистите го напуштил фудбалот и се спремал за крајот на светот.

Херојот на приказнава, Матиас Алмеида успеа да го врати Ривер во елитата, но на половина сезона клубот го донел Пасарела за тренер на што Марадона изјави: „Одвратно е тоа што му го направија на Матиас.

А Матиас го зеде Банфилд и го внесе во првата лига, а потоа стана тренер во Мексико каде го освои Купот со тимот на Гвадалахара.