Големата француска ѕвезда која се прослави во Баерн Минхен со кој освои 23 трофеи, го облече дресот на клубот со најмал буџет во Серија А.
Салерно е мал град со 133.199 жители кој се наоѓа на југот на Италија на 50 км до Неапол и па пауза од 23 години се враќа во прволигашкото друштво.
Рибери е прво вакво звучно име од светскиот фудбал кој го облекува нивниот дрес.
38 годишниот ветеран кој во 2013-та се бореше за Златната топка со Роналдо и Меси, пристигна вчера со приватен авион и потпиша договор на една година за плата од 1,5 милиони евра.
На стадионот Ареки кој има капаацитет од 37.800 за Рибери подготвија шпалир, балони, бакљи, силно скандирање, згодна женска...
„Живеам за фудбал, доколку живеев за пари, немаше да бидам тука“, рече Рибери кој претходно играше за Фиорентина.