Таг: салернитана

Јак перформанс на навивачите на Салернитана во чест на Пинк Флојд

Легендарниот англиски рок бонд одбележува 50 години од излегувањето на албумот „Dark Side of the Moon". Навивачите на Салернитана на мечот против Интер, тоа го одбележаа на феноменален начин.

Голот на Милик е регуларен, ВАР го заборави Кандрева

Во 12 минутното судиско продолжение на мечот Јувентус - Салернитана најголемата драма се случи поради голот за 3:2, коj според тврдењата на Скај Спорт не требало да биде поништен.

Судиското надополнување на Јуве од 12 минути лудило

Јувентус има слаб старт во Серија А со само 10 освоени бодови од можни 18. Синоќа одигра четврти нерешен натпревар и тоа против Салернитана од која губеше 0:2, а до бод стигна во 93-та минута. Финишот беше тешка драмолетка.

Салернитана даде гол, непријатен и за давање и за коментирање

Сенегалскиот напаѓач Булај Диа му даде гол на Емполи, кој како да ви го кажеме, а да не погрешиме? Описот на коментаторот дека ова е несекојдневен гол е со најучтивиот можен речник. Стрелецот сам ќе ви покаже со гестикулацијата.

ФИФА 2021 во реален живот на мечот Салернитана - Наполи

Наполи уште не знае за пораз во Серија А: 10 победи и 1 нерешена за 31 освоен бод и лидерство на табелата со Милан. Минатиот викенд тимот на Лучано Спалети тешко се справи со големиот ривал од југот, Салернитана и славеше 0:1. Единствениот гол на мечот го даде Полјакот Зјелински, ама трите бода им ги спаси бекот на Италија.

Гостување во Венеција со траект директно до стадион

Стадионот „Пјер Луиџи Пенѕо“ во Венеција има капацитет од 11.150 места. Се наоѓа на прекрасна локација, на самото Јадранско море а во близина на стадионот има и станица за разни морски пловила. Изграден е во 1913 година и е втор најстар стадион во цела Италија.

Фото на денот со отпуштениот тренер на Салернитана

Фотографија за навивачите е тажна, бидејќи на клупата сам покрај море, не седи било кој човек, туку тренерот на Салернитана. Го врати клубот во Серија А па пауза од 22 години, а сега не ја слуша вревата на навивачите, туку шумот на мислите и се прашува дали можеше да направи нешто поинаку.

Спектакуларен пречек за Рибери во Салерно

Навивачите на Салернитана се во еуфорија поради новото засилување кое се вика Франк Рибери. Шоу му направија на стадион.

Освои 23 трофеи со Баерн, ама Салернитана си е Салернитана

Меси во ПСЖ, Роналдо во Манчестер Јунајтед, Лукаку во Челси. Тоа се гола вода трансфери во однос на денешниот. Скролаш на Твитер и го гледаш Франк Рибери сликан со шал на Салернитана. Па нема појако.

Во Италија падна убедливо најглупавиот автогол на сезоната

Во втората италијанска лига Серија Б играа Салернитана и Беневенто. Гостите победија 0-1 со автоголот на домашниот голман Алесандро Мичаи.

Потеклото на катеначо, гранитната одбрана

Австрискиот тренер Карл Рапан во ’30-те години од минатиот век во швајцарскиот клуб Сервет за првпат наместил тактика која подоцна Италијаните ќе ја авторизираат како catenaccio (катеначо), дефанзивен стил на игра со која Салернитана, Милан и Интер ги победувале противниците. Најпознат претставник на овој стил на игра денес е Жозе Мурињо.

Дерби на срамот во Италија кое заврши по 20 минути

Оваа случка во третата италијанска лига некој би рекол дека може да се случи само во "дива лига". Гостинските фудбалери со симулирање на повреди намерно си го преполовија тимот и го принудија судијата предвреме да свирне крај.

Респект и славје на Салернитана

Иако се работи за италијански четвртолигаш, клубот на секој натпревар има поддршка од над 10 илјади навивачи кои веќе го слават влезот во трета лига, но и на посебен начин му оддадоа почит на нивниот легендарен водач Кармине Риналди.