Битката меѓу Јувентус и Салернитана која заврши 2:2 траеше 112 минути, бидејќи судијата одлучи по истекот на регуларните 90 да продолжи уште 12.
Во нив паднаа два гола, еден беше поништен со ВАР и поради тензиите и турканиците, дури четворица добија црвени картони.
Со головите на Кандрева и Пјонтек, гостите во првиот дел имаа изненадувачки 0:2, но Јувентус брзо се врати резултатски, бидејќи Бремер погоди по само 6 минути игра во вториот дел.
Драмата почна во судиското продолжи откако Бонучи во 93-та минута го израмни резултатот и тоа со многу среќа. Новото засилување Милик во 95-та го сврте мечот на 3:2 и го соблече дресот, но заборави дека веќе има еден жолт, па судијата го испрати во соблекувална.
Со ВАР снимка голот на Јувентус за победа беше поништен со образложение дека Бонучи е во офсајд.
Во хаосот на крај црвени картони добија уште Алегри, Куадрадо и кај гостите Фацио.