Сликата со Фабрицио Кастори е вистинска реткост во фудбалот, бидејќи до сега и не паметиме дека некој успеал да овековечи тренер на јавно место, како седи сам на клупа и тагува за отказот.
Во неговото збогување со Салернитана сигурно има горчина, бидејќи пред само неколку месеци беше херој, откако го врати клубот во Серија А после 22 години.
Им го исполни сонот, им донесе солзи радосници на жителите на Салерно кои постојано му се заблагодаруваа за големиот успех, а сега седи сам и тажен, затоа што клубот му возврати со доверба од само осум прволигашки меча.
На тие осум Салернитана успеа да ја победи само Џенова и да одигра нерешено со Верона, а другите шест ги загуби и е последна на табела со 4 бода.
Но италијанските медиуми пишуваат дека одлуката за неговото отпуштање е избрзана, особено ако се знае дека тимот минал низ хаотично лето, со неизвесна иднина и без никаква обнова во играчкиот кадар.
Навивачите застанаа во негова одбрана, свесни дека со потенцијалот на тимот што му стои на располагање, тој не може да направи многу повеќе.
Инаку Кастори работи како тренер во Италија од 1980-та година.
This is an image of sacked Salernitana coach Fabrizio Castori. The man who brought them up to Serie A after 22 years was getting to grips with losing his job, his club. Sitting alone on the Vietri sul Mare seafront.
— Mina Rzouki (@Minarzouki) October 18, 2021
The human cost. No one will forget the tremendous job he did. 💕 pic.twitter.com/3pdxvbhdLF