Екипата на Салернитана е предводена од претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, кој ја врши истата функција и во овој клуб. Математички тимот од Салерно се уште нема обезбедено влез во третата лига, но се наоѓа на челната позиција на три кола до крајот.
Иако Салернитана ремизираше 1:1 против тимот на Погибонси, навивачите веќе го слават успехот кој им е на прагот. 10 илјадната публика подготви и посебна кореографија посветена на легендарниот нивни водач Кармине Риналди кој почина од срцев удар пред 3 години.
Риналди кој го носел прекарот „Сиберијано" бил вистински пример за сите навивачи и никогаш не ги пропуштал натпреварите на Салернитана. На извонредната кореографија, навивачите поставија слики и од други четворица фанови кои во 1998 година загинале во сообраќајна несреќа во воз кога се враќале од гостување во Пјаченца.
Спектакуларната слика која ја приредиле навивачите, со аплауз ја поздравиле претседателот Лотито и градоначалникот на Салерно, Де Лука.