За едни може ова е вест од 1 април, за други смешна шпекулација. Но вистината е сосема трета, колку и да е неочекувана. Франк Рибери сезонава повторно ќе го гледаме во Серија А, но не во Фиорентина, туку во Салернитана.
Малиот клуб од Салерно, град со 133.199 жители денеска за прв пат во нивната 102 годишна историја пречека деветкратен освојувач на Бундеслигата и тоа не било кој. Рибери е прв кој е прогласен за најдобар француски фудбалер на годината, како и играч на годината во Германија.
Во 2013-та влезе во најтесна трка за Златната топка, во годината која ја освои Лигата на шампиони и заврши трет зад Роналдо и Меси, а ќе игра за клуб кој по 23 години се враќа во прва лига.
Франк е роден 83-та, генерација со Пандев и со Салернитана потпиша договор на 1 година за плата од околу 1,5 милиони евра.
Тој утринава пристигна со приватен авион од Минхен и слета во Неапол кој е 50 км оддалечен од Салерно, а веќе за попладне е закажана промоција пред навивачите.
За него ова ќе биде деветто клупско искуство во 21 годишната кариера. во која најдлабокиот белег го остави во дресот на Баерн Минхен, каде потпиша за тогашен клупски рекорд во 2007-ма од 25 милиони евра.
Се работи за доста трофејна приказна од 12 сезони, 23 трофеи, 423 меча, 123 гола и 183 асистенции.
Испраќањето беше многу емотивно.
Пристигнувањето во Салерно
Franck Ribery has now arrived in Salerno ahead of his medical with Salernitana (via @86_longo)pic.twitter.com/OK3RSGfPUi
— Get Italian Football News (@_GIFN) September 6, 2021