Милик во 95-та минута постигна гол со глава од корнер за целосен пресврт и делириум на трибините, но главниот судијата го гледаше на монитор и го поништи. Причината беше спорната позиција на Бонучи.
Според фотографиите на Скај, Бонучи се наоѓа на 3,42 метри од линијата, а Кандрева на 2.90, што би значело дека стоперот на Јувентус е во дозволена позиција половина метро.
„Објаснувањето кое ми беше дадено е дека сум бил во активен офсајд. Сепе немаше никогаш да ја фати таа топка, а мојата позиција не пречи на интервенцијата на голманот. Така е и според правилата. Потоа сомнителна е и позицијата на Кандрева, јас сум пола метро поназад од него“, изјави Бонучи по мечот.
Судиското надополнување на Јуве од 12 минути лудило
#Bonucci a 3.42 metri dalla riga di porta, #Candreva a 2.90 ↔️#Juventus #JuveSalernitana pic.twitter.com/ZxhffyEWcZ
— Giovanni Albanese (@GiovaAlbanese) September 11, 2022