Барем така тврдат од Фенербахче, кои споредија две видеа, ги залепија во едно и ги објавија на своите социјални профили. Инаку асистенцијата на италијанскиот ветеран, кој на 36 години се реши од германска да се впушти во турска авантура е од викендов од мечот Анталијаспор - Фенербахче 0:2.
Во 12 минутното судиско продолжение на мечот Јувентус - Салернитана најголемата драма се случи поради голот за 3:2, коj според тврдењата на Скај Спорт не требало да биде поништен.
Веројатно понесен од возбудата и славјето за трофејот освоен во 121 минута, нашиов имаше порака за пренесување и за 24 март. И хаштаци му допиша царот.
Карпестиот стопер со сигурност е еден од нај-најзаслужните што Италија после 53 години повторно го оствари сонот и стана европски шампион. А пред само неколку месеци зборуваше колку му било тешко после еден клучен промашен пенал.
Една од акциите која се коментира на социјалните мрежи од дербито на вечерва меѓу великаните Барселона и Јувентус е моментот кога Лео Меси како на мал фудбал го помина Лео Бонучи. Од позадина тоа највнимателно го пратеше Кристијано.
Пред стартот на мечот Лион - Јуве имаше остра комуникација меѓу Бонучи и Матуиди. Според италијанските медиуми капитенот му замерил на Французинот дека без разлика што нема да биде во прв состав, треба посериозно да се ангажира за време на загревањето.
Секогаш е убаво кога ќе излезе по некое видео од зад сцената, како што е ова со Јуве. Во интерес на времето, приајтелскиот дух, па и парите за бербер, човекот задолжен за опрема се реши да се шиша, односно бричи кај Бонучи.
Во ситуација кога и Кјелини и Де Лихт ги нема во состав, Јуве пак е раат позади бидејќи тука е капитен Леонардо Бонучи да спаси ситуација како линиски голман (без раце се разбира). Ова беше силна топка која влегуваше во гол за 2:1 за Русите. Искуство е во прашање.
Со триумфот од 2-1 против Фиорентина, Јувентус по 35. пат стана шампион на Италија. Ова е 8-мо скудето на Јуве по ред и тоа е рекорд не само во Серија А, туку и во сите Топ-5 лиги во Европа.
Елиминацијата на Јувентус во четвртфиналето од ЛШ дефинитивно им ги помати сметките. Освен што не стигнаа до посакуваниот трофеј кој го бркаат 23 години, акциите на клубот паднаа 22,3%. Дури и голот на Роналдо за водство е спорен, бидејќи Бонучи на еден играч му влезе со бокс. Ова е одраз на немоќ и нервоза.
На големото дерби Наполи - Јувентус (1:2) синоќа видовме два црвени картони, гол од слободен удар, промашен пенал и многу многу стартови. Смешен момент беше кога судијата Роки (одлично судеше цел меч) досуди фаул за Јувентус кој наводно го направил Инсиње.
Прво најавува дека целта им е Лига на шампиони, а после се легачи на терен и глуми дека е повреден, ама по потреба. Прво ѕиркаше да види како ќе заврши акцијата, па откако виде дека е гол следуваше реакција: Мамо ме удрија, боли многу. До кога со вакви фори на толку камери.
По дегажманот на голманот прави многу сомнителен прием по кој се чинеше тој пред него ќе му ја прибере топката, но потоа следи шах мат потег за почит. Ај што се ослободи од него, туку и даде страшен пас со надворешен фелш по кој на Италија и се отвори 100% шанса.
Стоперот на италијанската репрезентација, Леонардо Бонучи немаше пријатен кам бек на Сан Сиро, каде викендов играше меч од Лига на нации против Португалија. Навивачите на Милан го искористија неговиот репрезентативниот настап за да му свират поради тоа што по една сезона ги напушти и се врати во Јуве, а тој им реплицираше со дрска и арогантна изјава.
Едногодишната авантура во Милан и покажувањето среден прст навивачите (веројатно) ќе ги заборават. Лани го сметаа за предавник, но од викендов тој е оној истиот старо нов Бонучи, укотвен до Кјелини во одбраната на Јуве. Лео им се извини по мечот со Лацио, а повратните аплаузи значеа прифатено.
Леонардо после седум години во дресот на Јуве синоќа даде гол против поранешниот тим и тоа во улога на капитен на Милан. Во 27’ минута од мечот Бонучи го израмни резултатот на 1-1 и ја прекина рекордната серија на Јувентус и на Џиџи Буфон без примен гол.
Газдата на Милан до октомври 2018-та треба да врати долг од 350 милиони евра. А се надевал дека ќе успее преку пласман на Милан во Лигата на шампионите, пат кој не само што е трнлив туку делува и непрооден. Во каква ситуација се наоѓаат „Росонерите“?
Пред мечот од осминафиналето на Купот на Италија против Верона (3:0), тифозите на Милан му скандираа на Донарума: „Оди си ѓубре лакомо“ и извадија многу убитачна парола.
Од средбата меѓу Милан и Торино немаше потреба да се гледа хајлатс бидејќи заврши 0:0, но на крајот се случи еден момент за кој зборува цела Италија. Андреа Белоти му го даде дресот на едно дете, инаку навивач на Торино, а неговото име е Матео Бонучи, син на Леонардо Бонучи. Тој навиваше за Торино и кога татко му го носеше дресот на Јуве. Дресот го прими неговиот постар брат Лоренцо Бонучи.
По онаа во Виена, фудбалерите на Милан ја почастија Австрија со уште една петарда во Лига Европа која математички ги прави први во група. Синоќешниот меч на Сан Сиро почна непријатно за Росонерите кои во 27-та минута губеа 0:1, поради овој очаен потег на Бонучи.
Славниот италијански дефанзивец не е оној истиот од Јувентус. Требаше да добие црвен картон за потоа Милан без него да експлодира на гости со 4 комада на гости. Човекот кој работел со него во позадина смета дека ги живее најтешките мигови во кариерата и дека ќе се врати оној стариот.
Иако со завршувањето на летото темата со плати и трансфери малку ја подзаборавивме, Италијанците извадија некои пресметки за да покажат колку се “сиромашни“ во однос на фудбалерите со најголеми плати.
Клупскиот канал на Милан го објави видеото и откри како новиот капитен на тимот ги мотивира своите соиграчи пред мечот од баражот за Лига Европа против Шкендија кој заврши 6-0 во корист на италијанскиот тим.