Како е изграден војничкиот менталитет на Бонучи

Славниот италијански дефанзивец не е оној истиот од Јувентус. Требаше да добие црвен картон за потоа Милан без него да експлодира на гости со 4 комада на гости. Човекот кој работел со него во позадина смета дека ги живее најтешките мигови во кариерата и дека ќе се врати оној стариот.

Леонардо Бонучи летово го засили Милан за сума од 40 милиони евра со надеж дека ќе биде вистински капитен и лидер во одбраната, но за сега не ги оправдува очекувања, а задната линија пред голот на Донарума е полна до дупки.
 
Детали за неговото минато открива Алберто Ферарини, инаку психолог кој го опишува Бонучи како војник. Од тивок фудбалер тој го претворил во машина за војување.
„Го носев во подрум со години, ама под земја во мрак. Го напаѓав со нељубезен тон на сите можни начини. Го навредував и го осудував. Кога само ќе се обидеше да ме погледне, го удирав во стомак. Целта ми беше да прифати критики, да биде секогаш концентриран и да игнорира се околу него. Така го правев војник“.

Според Ферарини, Бонучи мора да сфати дека е само војник кој мора упорно да работи, а не суперталентирана ѕвезда.
„Леонардо во Јувентус беше фокусиран само на себе, а не на се околу него и сега мора да се врати на тоа да биде војник. Звучи парадоксално, но кога беше капитен во Јувентус не играше најдобро. Тој мора да биде Бонучи и точка. Да работи напорно на тренинг, да се жртвува и да биде поскромен, бидејќи видовме како беше пречекан во Милано. Сите тие работи го подигнаа неговото его на 50-ти кат“.
„Кај Антонио Конте беше војник, но тој беше единствен таков во линијата која ја сочинуваа Буфон, Барцаљи и Кјелини. Таму не беше главен, така што со секоја почит треба да направи еден чекор назад, да се откаже од капитенската лента, да заборави на славата и претходните успеси и да се врати во ровот. Така ќе го даде најдоброто од себе, со помалку одговорност и сконцентриран на себе, бидејќи Леонардо како играч не е роден шампион, туку тој стана шампион благодарение на тоа што работеше вредно и се гледаше само себе си“.

Поради црвениот картон со Џенова, Бонучи е казнет две кола, што значи дека ќе го пропушти и дуелот со Јувентус, но според зборовите на Ферарини можеби тој немил момент ќе биде почеток на едно ново поубаво поглавје во кариерата.
„Орелот лета над бурата, сите птици се внатре, а само орелот е на врвот. Леонардо е сега таму. Тој прима критики, бидејќи тоа е Леонардо Бонучи од Јувентус. Со црвениот картон тој го допре дното, но убеден сум дека ќе се врати, бидејќи тој има желба да биде посилен од претходно“, вели Алберто Ферарини.
26 октомври 2017 - 14:37