Не е вистина дека во Милан е катастрофа, уште полошо е

Газдата на Милан до октомври 2018-та треба да врати долг од 350 милиони евра. А се надевал дека ќе успее преку пласман на Милан во Лигата на шампионите, пат кој не само што е трнлив туку делува и непрооден. Во каква ситуација се наоѓаат „Росонерите“?

Во април годинава додека Јуве ја демолираше Барселона, во вип ложата, газдата на Милан Хан Ли прашувал колку чини Дибала.

Девет месеци подоцна Јонхонг Ли се фати со работа на „Сан Сиро“. Девет месеци одел по светот во потрага по партнер. Пари не му позајмила банка, туку фондот Eliott - компанија со граблива репутација. Ли добил кредит на 11,5 посто камата и нереално рокови - долгот мора да биде вратен до октомври 2018 година. И после сево ова на трибините на „Јувентус Стадион“ преведувачот на Јонхонг прашувал колку чини Дибала

Така малиот човек по раст ја почна „големата ера“ на Милан. Навивачите очекуваа многу од човек кој немал доволно пари да го купи клубот од Берлускони. За Берлускони знаевме: тој беше магнат, има пари, контакти и репутација. И Силвио реално знаел како се работи. Тој сигурно не би се задолжил во Eliott којшто не случајно го прозвале фонд на стврници.

Ли до октомври 2018 е должен да најде 350 милиони евра а неговиот план бил да заработи во Кина и да влезе во Лига на шампиони.

Газдата на Милан Јонхонг мислел дека од маркетинг по Азија, на кој Барселона заработи 15 милиони евра, да собере 100-150 милиони евра, без да знае дека скалата на популарност на двата клуба е различна: времето кога во Милан играа ѕвезди заврши на почетокот на 2000-те кога заработувал десет пати повеќе пари од Барса.

Еднаш новинарите на Gazzetta dello Sport слетале во Кина, но во канцелариите на Јонхонг начекале заклучени врати. Во август трикот го повториле и колегите од New York Times коишто ја дополниле сликата: плаќањето кирија за просториите доцнело. И дознале уште еден детал: некоја непозната рударска компанија која што Ли им ја укажал на италијанските власти како безбедност за трансакцијата воопшто не му припаѓала.

Милијардерите кои купуваат спортски клубови за стотици милиони обично имаат репутација, углед и слава - но за Ли немаше ништо друго освен непотврдени гласини за сиви комбинации и докажан обид за фалсификување документи.

Сега Јонхонг има нов план: рефинансирање. Тоа значи дека Кинезот ќе позајмува од други луѓе за да се раздолжува. Да му позајми пари се согласил фондот Highbridge но под услов: бизнис-планот на Ли мора да го одобрат и финансиските инспектори на УЕФА. Сумата која што би ја позајмил изнесува 400 милиони евра на пет години.

Мајк Озанјан од Forbes веќе бил спремен да најави продажба на Милан. Зад кулисите се споменува името на Антонио Џираудо - познат член на јувентинската тријада (Моџи, Бетега) коишто „ловеа во матно“ во италијанскиот фудбал и паднаа во време на калчополи. Џираудо не го изгубил интересот за фудбал и веќе ја одлежал долгогодишната дисквалификација. Денес Антонио Џираудо е бизнисмен и деловен партнер на компанијата Bgb Weston која би учествувала во зделката.

ДВЕ ГРЕШКИ НА МОНТЕЛА, ЕДНА НА МИЛАН

Во таква ситуација работи денес Џенаро Гатузо. И неговото назначување поставува прашања колку и нејасните документи на Јонхонг Ли. Милан купи 11 фудбалери со цел да се вмеша во борбата за Топ4 со моќниот Наполи и со години уиграната Рома.

Монтела направи две грешки. Првата - купувањето на Бонучи.

Замислете вие правите тим. Имате костур на екипата, пари и формација 4-3-3. И знаете како се треба да изгледа: да се игра со глава и со мозок, а не со Нианг. Го наоѓате режисерот Биља - мастер за почеток на напад и управување на ритам. И земате стопер со одличен пас и преглед (Мусакио) - тој да биде одговорен за вертикалниот преод во играта ако режисерот потфрли.

А потоа во екипата ти доаѓа уште еден таков. Стопер со пас и преглед, но со поголем авторитет од сите играчи заедно. И тој не може да игра во 4-3-3.

Купувањето на Лео повлече верижна реакција која покажа дека Милан има недостиг од крила. На Монтела му беше потребен Кеита Балде, но да се откаже од Бонучи не можеше.

Втората грешка - избегнување прости решенија. Минатата сезона „Аеропланино“ се држеше до својата филозофија и собра доста поени а сезонава направи непотребен потег и отстапи од „своето јас“.

Управата на Милан реши да го отпушти Монтела. Клубот се откажа од наједноставнио пат - трпението. Гатузо арчи време, решава нешто за три месеци, гради нешто свое а брзо ќе дојде крајот на сезоната.

Гатузо почна во свој стил: без фундамент, но со многу цемент. Работи на издржливост кај играчите па затоа сега на сред сезона играчите на Милан трчаат по 8 километри крос во високо темпо. Од секој интелектуалец купен за Монтела, Рино сега прави Франк Кеси.

„МЕ ИЗНЕНАДИ ВРЕМЕТО НА ОСТАВКА“

„Мене ме зачуди и ме изненади моментот на оставка“, била првата и очекувана емоција на Монтела.

Само што заврши мечот со Торино и почна меѓународната пауза каде Милан влезе во плејофот на Лига Европа. Газдата Ли ги турна навивачите во приказната за враќање на хероите кои ќе ги исправат грешките на претходникот. И тие сега за сега веруваат иако Гатузо ја почна авантурата со шокантно реми со Беневенто (голманот со глава), пораз од Ријека и победа над Верона...