Таг: франк кеси

Мангупска одјава на Кеси од Камп Ноу

Не постои играч кој не би посакал да ја осети радоста на постигнување гол на дерби како Ел Класико. На Франк Кеси тоа му успеа годинава на 19 март и тоа во 92-ра минута при резултат 1:1. Си замина од Барса со гол за победа над Реал, титула во Ла Лига и Супер Куп на Шпанија. Се поздрави со навивачите преку Инстаграм, токму со тој посебен момент.

Што им направи бе Кеси?

Ноншарлантниот изведен пенал на Кеси паѓа во вода затоа што Милан го тресна јако Јуве со 0:3, а Френк Кеси во еден момент со опасен потег им го зема паметот на Де Лихт и Рабио.

Бомбастичен удар на Кеси, голманот споменик

Една од екипите која фати одличен ритам после паузата е Милан кој е во одлична серија од 5 победи и 2 нерешени. Синоќа ја совладаа Парма со пресврт и триумф од 3:1. Голот на колото во Серија А го има Франк Кеси.

Полека бе Кеси од твоја е тој

По поразот на домашен терен од Бетис, фудбалерите на Милан извадија 1:1 на реваншот во Шпанија, меч по кој Гатузо изгледа ќе треба да мава заушки. Погледне како Кеси му влезе несмасно на Мусакио, а што е најтрагично овој лежеше ко покосен и мораше да излезе од игра. На негово место во 82-ра минута влезе Ромањоли.

Не е вистина дека во Милан е катастрофа, уште полошо е

Газдата на Милан до октомври 2018-та треба да врати долг од 350 милиони евра. А се надевал дека ќе успее преку пласман на Милан во Лигата на шампионите, пат кој не само што е трнлив туку делува и непрооден. Во каква ситуација се наоѓаат „Росонерите“?

Зошто клучниот играч на Милан стално го поздравува татко му

Милан има прилично лош почеток на сезоната, екипата е во пад на форма после неколку порази, но во секое лошо има и добро па така Росонерите во Франк Кеси добија големо засилување и неочекуван лидер.