Франк Кеси неколку пати во дресот на Аталанта и Милан прави традиционален гест кој за жал има трогателна смисла. Во 5. коло од Серија А, Милан на „Сан Сиро“ го победи СПАЛ со 2:0. Дебитантите во Серија А двата гола ги примија од пенал а вториот го реализираше играчот од средниот ред на Милан, Кеси.
Веќе има оригинална прослава на голот - војнички поздрав а на прашањето од каде идејата за овој гест вели:
„Татко ми беше познат фудбалер во Брегот на Слонова Коска, но потоа го викнаа во армијата. Умре од болест кога имав само 11 години. И сега кога давам гол го правам овој поздрав во негова чест“.
Сезонава Франк кој е дефанзивен играч за врска постигна два гола. Во Милан е на 2-годишна позајмица од Аталанта вредна 8 милиони евра а Росонерите имаат и право на откуп за 20 милиони евра.
"Papà era calciatore. Poi divenne un militare ma morì di malattia: io avevo 11 anni. Il gesto del militare è per lui."#IlCalcioèDiChiLoAma pic.twitter.com/V4L0FUlqkc
— Serie A TIM (@SerieA_TIM) September 21, 2017