
На турнирот во Монтреал, Мбоко пак се сретна со Коко Гауф и овој пат и се реваншираше со победа од 2-0 по сетови 6-1, 6-4. Пред своите домашни навивачи Канаѓанката родена во САД а која има потекло од Конго ја оствари 48-та победа во сезоната (на сите нивоа и младински) и првпат се пласираше во четвртфинале на WTA.
Во следните две кола ги совлада Џесика Бусас Манеиро (6:4, 6:2) и Елена Рибакина (1:6, 7:5, 7:6) и веќе го импресионираше светот на тенисот и спортските медиуми.
Стана втора тинејџерка после Русинката Мира Андреева која влегла во финале на WTA 1000 во 2025-та година. А таму ја чекаше нејзиниот идол, некогашната прва тенисерка на светот и четирикратна освојувачка на Гренд слем, Наоми Осака. И Викторија Мбоко направи нова сензација откако победи со пресврт. Го изгуби првиот сет 2:6 но ги доби следните два со 6:4 и 6:1 и заслужено ја освои првата шампионска титула во кариерата.
Триумфот во Монтреал на Мбоко ѝ донесе 999 бода и скок од 60 места на ВТА листата, па сега е на 25. позиција што значи дека на УС Опен најверојатно ќе биде меѓу носителките. Нејзиниот подем годинава е неверојатен, ако се знае дека 2025 година ја почна како 337. тенисерка во светот. Освен тоа, во Монтреал таа заработи повеќе од 752 илјади евра што е двојно од целата нејзина заработка во кариерата.
Во Канада велат одамна немало толку голем интерес за некој спортист како за 18-годишната Викторија Мбоко.
КОНГОАНКА ПО РОДИТЕЛИ, АМЕРИКАНКА ПО РАЃАЊЕ,
КАНАЃАНКА ПО ВОСПИТАНИЕ
Мбоко е родена во Шарлот во семејство на конгоански емигранти кои се преселиле во Канада кога таа била дете.
Родителите на Боко, Сиприан и Года во средината на '90-те години заминале од родниот Конго разорен од граѓански војни. Поради потешкотии со визата семејството се селело неколку пати. Года била во канадски Монтреал а Сиприан во американска Северна Каролина. Наскоро се сретнале во САД и во 2006-та година ја добиле Викторија, најмалата од четирите деца Мбоко.
Кога Викторија на три години почнала да се интересира за тенис, семејството живеело во Онтарио, близу Торонто. Тие се преселиле во Канада за да и поголемите деца можат да тренираат во местната академија.
Сите играле тенис, сестрата Грасија и братот Кевин дури и стигнале на универзитетско ниво да играат за тамошниот тим (подоцна Грасија тргнала во бизнис кариера а Кевин станал тренер), а третиот брат Давид имал проблеми со видот па го напуштил тенисот и почнал да учи за специјалист за анализа на податоци.
Љубовта на сите кон тенисот им ја всадил татко им Сиприан: „Гледав тенис практично од детство. Со мојот другар во Конго ги гледавме дуелите на Агаси, Курие, Граф и сите останати. За децата тенисот тогаш беше добар за активност, но кога купив околу илјада топчиња станав дел од индустријата“, вели Сиприан.
Тој е машински инженер по професија, работал некогаш и навечер трета смена за да може да ги вози децата на тенис преку ден. Тој бил прв тренер на Викторија, трпеливо и враќал илјадници топчиња додека научила правилно да сервира и да удира со рекетот.
Кога наполнила четири години ја запишале во локалната академија Ace а таа подоцна земала рекет Babolat од љубов кон Рафа Надал кој имал таков рекет.
Кога Викторија имала девет години, таа спонтана се нашла на еден турнир каде играла нејзината 17-годишна сестра Грасија и тие се сретнале на теренот. Викторија нормално изгубила 0:6, 0:6 но сестра и раскажува дека тогаш видела потенцијал во Викторија:
„Имаше самодоверба која ја имаат еден процент од еден процент. Таа не мисли само дека дошла да не изгуби туку „дека дошла да го победи мечот“.
На јуниорско ниво Мбоко дебитирала пред да наполни 12 години, па набрзо кога го препознале нејзиниот талент потпишале родителите договро со агенцијата IMG и отишла да тренира во нивната академија на Флорида пред да се врати во националниот канадски тениски центар во Монтреал.
Подоцна таа играла во финалето на познатиот детски турнир Orange Bowl, каде освоила шесто место на рејтингот. Во 2022 ја завршила јуниорската кариера на УС Опен каде стигнала до полуфинале. Од тогаш е со сениорките.
На Отвореното првенство на Австралија се запознала со својот сакан идол Рафа Надал и се шегувала со него.
ИЗГУБИЛА ПАР ГОДИНИ ПОРАДИ СЛАБИ КОЛЕНА, ЈА СМЕНИЛА ЕКИПАТА И СЕ ВРАТИЛА ДОМА
Викторија Мбоко во 2022 година се повредила, повредата била предизвикана од предвремениот брз раст и подоцна таа повреда и станала хронична. Но кога се вратила од повредата, Викторија ја освоила својата прва професионална титула на 25.000 ITF.
Во следните две години Мбоко тренирала во академијата на Жастин Енан во Белгија и набрзо од Топ 500 влегла во Топ 350. Во 2024-та година имала слаб рејтинг. Таа изгубила четири од пет меча на разни турнири.
ГОДИНАВА ПОБЕДИЛА ПОВЕЌЕ НАТПРЕВАРИ ОД САБАЛЕНКА, ГАУФ И ШВЈОНТЕК
Враќањето во Канада и смена на тимот и донеле резултат на Мбоко. Таа за помалку од два месеци го освоила својот прв турнир на сезоната, а потоа уште еден и уште еден и уште еден.
Првиот пораз во годината го претрпела дури после 21 победа, после што освоила уште една титула и влегла во основниот круг на ЊТА.
За помалку од четири месеци таа поминала пат од непознати турнири до познатиот турнир во Рим каде ги поминала основниот квалификации.
Пред Ролан Гарос таа во Париз дошла како 120-та тенисерка на светот. Брат и и сестра и помагале да се справи со притисокот и ја изолирале од сите непотребни информации.
Како резултат на тоа таа на дебитантскиот Гренд Слем прв во кариерата победи на дури пет меча! И тоа сите пет во 2 сета: три во квалификациите и два во главниот ждреб со ривалки од Топ 60.
На Вимблдон летово и покрај незгоди со повреденото колено, таа поминала во главниот ждреб и таму победила уште една ривалка. За осум месеци излегла од Топ 330 и влегла во Топ 90 на светот!
Сега на домашниот турнир во Монтреал првпат совлада тенисерка од Топ 20 (втората тенисерка на свет Коко Гауф и 12-та Елена Рибакина). Влезе во прво големо финале на ВТА. Победата за неа стана 50-ти триумф сезонава.