Како селектор на Турција, Винченцо Монтела на гостувањето против Црна Гора, се сретна со многу познати фудбалски имиња од оваа земја со кои се познава од Серија А. Со Вучиниќ играа заедно во Рома, а потоа му беше тренер во Фиорентина, исто како и на Стефан Јоветиќ и Стефан Савиќ. Дејо Геније пак го гледал често на Сан Сиро.
Серија А на крајот од 90-те го достигна врвот. Колку беше тоа јака лига говори фактот што од 92-ра до 98-ма имаше седум финалисти по ред во ЛШ. Јуве и Милан во таа декада заедно освоија осум Скудета, а трансферите се оние за кои уште се прави муабет кога ќе се седне на кафе. Одиме само со 6 од многуте.
Газдата на Милан до октомври 2018-та треба да врати долг од 350 милиони евра. А се надевал дека ќе успее преку пласман на Милан во Лигата на шампионите, пат кој не само што е трнлив туку делува и непрооден. Во каква ситуација се наоѓаат „Росонерите“?
Монтела доби отказ, а на негово место тренер на Милан стана вечниот борец Џенаро Гатузо кој во една прилика изјави: „Во болница ќе одам само кога ќе ми ја исечат главата, за конци сам ќе се снајдам“. Ако Винченцо беше толерантен и фин, ништо чудно Рино да дели шамари ако не играат како треба.
Против Рома во составот на Милан имаше дури 9 фудбалери кои дојдоа летово или кои лани не го носеа дресот на Милан. „Зајакот“ веројатно лежи кај Лео Бонучи поради кого Монтела морал да ја испретумба цела формација и на крајот да добие нула.
Не е дека се близу абнормалните суми од англиската Премиер лига, ама па не е и дека слабо земаат. На пример, тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри има плата од 7 милиони евра годишно што е астрономска сума во однос на она што го заработуваат тренерите на тимовите од долниот дел на табелата.
Од јануари 2014-та до сега на клупата на 7-кратниот Европски првак седнаа Алегри, Сидорф, Инѕаги, Михајловиќ, Броки и Монтела. Со овој последниов, тимот не само што се искачи на табела онаму каде што го личи, туку стана и двојно поскап.
Винченцо Монтела ги заврати ракавите и со нискобуџетните играчи кои му ги донесе Галијани склопи каков таков тим и почна да бележи резултати со кои Милан неочекувано стана најголемото изненадување сезонава во Серија А.
Винченцо Монтела не најави ништо бидејќи дојде во период кога управата во преодниот рок не беше во можност да обезбеди ниту милион евра за засилувања. Сепак тој не кукаше, го консолидираше актуелниот играчи кадар, вметна уште неколку млади играчи и излезе на бојно поле.
Многу тренери кои во моментов се дел од италијанско првенство се поранешни фудбалери, освен Сари од Наполи. Ако треба сега да состават екипа од 11 души тоа би изгледало вака, само веројатно ќе треба да играат 2x20 минути.
Општ заклучок на стручните коментатори на италијанскиот фудбал е дека Јувентус ќе биде прв, а другите да се наредат како им е волја. Но Старата Дама повеќе мисли на Европа и тоа би можело да ги чини дома како што им се случувало во минатото.
Во јануари 2000. година, Рома го купи Хидетоши Наката од Перуџа за тогашни 30 милијарди лири (21 милиони евра), Јапонецот 16 месеци скоро и да не играше поради ограничениот број на странци во секоја екипа.
Со чудниот пресврт на Милан во последните 5 минути, Фиорентина остана без пласман во Лигата на шампиони, но тоа не претставува неуспех за тимот предводен од младиот тренер Монтела кој со 22 нови фудбалери за една сезона направи револуција во екипата од Фиренца.