Како изгледа екипата на Винченцо Монтела на третото место? Од перспектива на епохата на Силвио Берлускони кој бараше перфекционизам: Grande Milan или ништо, изгледа скромно. Мајскиот ден кога Пипо Инзаги го матираше Ливерпул во Атина од денешна перспектива изгледа далеку, како сето тоа да се случи во некој друг живот. Малдини, Пирло, Неста, Кака’, Сидорф.
Во 2016-та овие имиња звучат како херои од некоја древна грчка митологија. Сега дури и помислата „Росонерите“ да се борат за титулата е апсурдна. Копа Италија е сè на што може да смета некогаш моќниот Il Diavolo.
На неколку недели пред конечната продажба на клубот на Кинезите од корпорацијата Sino-Europe Sports Investment, за Милан повторно се зборува. Сосема неочекувано тимот во 12 кола освои 25 бода - еден помалку од сезоната кога последен пат го освои скудетото. Посебно добро Миланезите играат дома.
Според Corriere dello Sport, подобар почеток Милан имал само при Фабио Капело и Карло Анчелоти во првата сезона на Шевченко на „Сан Сиро“. Главното прашање кое го поставуваат италијанските стручни коментари е: Дали ќе следува пад?
Моќниот почеток е изненадувачки и поради тоа што „Росонерите“ имаа сива трансфер кампања. Дојдоа анонимните Ванџони, Лападула, Соса, Гомес, Пашалиќ и Мати Фернандез. Притоа половина од нив одма се повредија, а другата половина не примириса до првиот состав.
Управата на Милан одвои 25,3 милиони евра за Густаво Гомез, Соса, Лападула и Мати Фернандез но сите заедно одиграа 819 минути од вкупно 10.880 сезонава. Ванџони нема ниту еден настап а стигна без обештетување, како слобден играч. Ако неа беа 866 минути одиграни од Палета (се врати од позајмица од Аталанта), и решавачкиот гол на Лападула против Палермо викендот, пазарот на Милан практично ќе донесеше голема нула.
Сусо и Палета само што се вратија од позајмици, веднаш можеа да конкурираат во првиот тим. Но политиката на low cost (нискобуџетни) играчи се одрази кај тифозите - се продадоа смешни 12.767 сезонски влезници за стадион со капацитет од 80.000.
Полошо било само во сезоните 1980/81 и 1982/83 кога Милан два пати испаѓал во Серија Б.
Кога сфати дека на сериозни играчи не може да смета, Винченцо Монтела се фокусираше на трансформацијата на играта. За таа цел, мораше да се откаже од некои работи кои секогаш беа дел од calcio montelliano.
Резултатот од таа кујна е специфично, но вкусно јадење. Тоа е како некаде во Тоскана да нарачате руски гулаш од зелка или тешко зачинето доматно пире. Така се случува кога сињор Галијани не може да ви ги набави потребните состојки за вашиот рецепт. Но чуството, сенсот за тактика на Винченцо не исчезна - неговиот ракопис беше видлив уште од првиот меч. Централен момент беше формацијата 4-3-3. Во фаза на посед на топка Монтела ја разработи геометријата од времето во Фиорентина кога тимот се престројува во формација 2-3-5 со поврзување на крилата во нападот.
„Аеропланино“ не сака многу посед на топка и често бара од играчите побрзо да се ослободуваат. Според овој индикатор, „Росонерите“ не се меѓу првите 10 екипи според посед на топка во Серија А.
Наместо тоа, приотет му е даден на вертикалниот пренос на топката. Во фаза на одбрана еден од напаѓачите (во најголем дел од случаевите тоа е Нианг) го притиска противничкиот среден ред, а Џакомо Бонавентура е поблизу до крилото, де-факто позиција која што ја играше и во Аталанта (лево крило).
Во исто време двајца други играчи од средината - централниот и второто крило се на исто ниво како во формација 4-4-2. По правило Сусо игра десно, а Монтела него го користи и во формацијата 4-4-1-1. Со овој арсенал Милан ја почна тековната сезона а во исто време најмалку пет екипи го играат истиот систем но не толку успешно.
Новинарите на Gazzetta dello Sport на лист ги ставаат сите мотиви ЗА и ПРОТИВ. Мотивите кои им се наклонети на Милан спаѓа искуството на Монтела во областа на психологијата.
„Енцо ги доби опкладите за Сусо и Нианг, а експлодираа Ромањоли и Локатели“, пишува познатиот лист зошто треба да му се верува на Милан.
Меѓу мотивите зошто не треба да се паѓа во еуфорија со актуелната позиција на табелата, Gazzetta го наведува фактот дека многу дуели Милан реши во своја корист благодарение на епизодите во кои беа вклучени судиските грешки во корист на „Росонерите“.
„Тимот не игра на високо ниво сите 90 минути и Монтела за жал има кратка клупа. Милан е тим којшто меѓу водечките екипи на табелата допуштил повеќе шутеви кон својот гол, отколку што ги упатил кон противничкиот. Букмејкерите и натаму го гледаат како четврти тим во Серија А“, додава Gazzetta.
Стартната победа против Торино ја остварија благодарение на промашениот пенал на Андреа Белоти. Ова го платија со два порази од Наполи и Удинезе, но Миланезите набрзо фатија победничка серија.
Пред една недела беше јубилејот од точно 20 години од првиот гол на Томас Локатели за Милан во Лигата на шампионите. Набрзо потоа еден од најталентираните италијански фудбалери со исто презиме постигна еврогол против Јувентус. Продукт на школата на Милан и играч кој Монтела на време го фрли во оган и покажа дека тифозите на Милан одново можат да бидат горди на резултатите и да не се срамат кога ќе кажат за кого навиваат.