Таг: кларенс сидорф

За малку тепачка на ревијален меч меѓу Милан и Сао Паоло

Дида, Костакурта, Панучи, Емерсон, Броки, Карбоне, Сержињо, Сидорф за Милан против Саоло Паоло со Кафу, Жуниор, Кака, Палиња...Бразилците го добија ревијалниот меч со 4:1, а нетипично за вакви дуели имаше и мала тензија откако Сидорф се изнервира поради стартот на Бразилецот Жосуе кој му влезе со две нозе.

Првиот гол на Сидорф за Ајакс со 16 години

На денешен ден во 1993 година, детето кое подоцна стана голема клупска легенда на Реал Мадрид и Милан, го постигнал својот прв гол за матичниот Ајакс. Имал само 16 години и 361 ден и навестил што ќе се очекува од него.

Чудесниот проектил на Сидорф со кое го реши миланското дерби

На денешен ден пред точно 15 години Милан и Интер имаа нерешен резултат 2:2 до 85 минута, се додека Кларенс Сидорф не реши да испука еден топ кој ретко се гледа. Како ли само го изведе овој удар од толку далеку?

Кога Турам за прв гледал како игра Сидорф

Точно е дека најголемата слава и успеси ги направи со Милан, а во Интер успех му беше тоа што “ја позајми“ на една вечер девојката на Роналдо. Ама овој човек во Милан дојде како печен играч со врвни успеси, остварени во Реал Мадрид, а претходно во Ајакс.

Проектилот на Сидорф наполни 21 година

Сме остареле или што е работава? Замислете летна точно 21 година од голот на Кларенс Сидорф кој го даде од позиција од каде обично секој друг нафрла. Имало евроголови и евроголови, ама ваква шајка од крајот на светот повеќе не видовме.

На Сидорф му лепи топката и кога е во одело

По Милан и Шенцен (Кина), Кларенс Сиродф од пред два и пол месеци стартуваше со трето тренерско искуство, овој пат на кормилото на Депортиво Ла Коруња. Ама како да му се игра уште а?

Најјакиот гол во кариерата на Сидорф

Легендарниот играч на Милан кој една деценија настапуваше на Сан Сиро има здрвено многу голчишта од далеку, ама овој топ што го испука во дресот на Реал Мадрид против Атлетико од скоро пола беше нереален и за Роберто Карлос. Среќен 42-ри роденден за единствениот играч кој има освоено ЛШ со три различни клубови: Ајакс, Реал и Милан.

Фабио Капело за Карлос и Сидорф кога го засилија Реал Мадрид

Ќе ве вратиме на средина од 90-те во Ла Лига кога исто како и сега Реал, Барса и Атлетико беа во центарот на вниманието. Кралевите тогаш го ангажираа еден од најдобрите италијански стратези кој го објаснува значењето на двете големи засилувања од Серија А кои потоа станаа легенди.

Фото на денот

Сампдорија, сезона 1995/1996: Свен Горан Ериксон, Роберто Манчини, Кристијан Карембе, Кларенс Сидорф и Синиша Михајловиќ. Па па па, какво сликиште е ова. Признајте дека сте немале појма за оваа збирштина на легенди во Сампдорија.

Благајникот од циркус и помошен готвач што заигра за Милан

Фудбалот е заебана игра. На секој млад талент кој се пробива има дваесет млади таленти кои пропаѓаат. Малку се оние на кои им се насмеала среќата, како на пример на Харви Езајас кој беше член на Милан во славните денови а никој не го знае.

Дојде време да не е срамота да се навива за Милан

Винченцо Монтела ги заврати ракавите и со нискобуџетните играчи кои му ги донесе Галијани склопи каков таков тим и почна да бележи резултати со кои Милан неочекувано стана најголемото изненадување сезонава во Серија А.

Од убавите времиња на Милан

Тоа се тие неодамнешни видеа по кој ги пука страшна носталгија навивачите на Милан. Фали уште да го видиме лицето на коментаторот кој се губи од радост на оваа луда десница на Сидорф.

Странци кои најдолго играле за Милан

За богатиот музеј на Милан големи заслуги носат и фудбалери кои дојдоа од страна и долги години го носеа црвено-црниот дрес.

На Алегри му се оди по риба, Михајловиќ раскажува приказни на полувреме

Меѓу најинтересните изјави во неделава која одминува, Франческо Мориеро зборуваше за глупостите кои ги правел Роналдо, Михајловиќ раскажуваше приказни, а Масимилијано Алегри сакал да оди на риболов.

Кои фудбалски легенди ги испративме во пензија во 2014-та

Ниту едно име не е залутано на листава. Сите беа дел од кремот, но годините ги стасаа па копачките почнаа да ги закачуваат на клинец. Абидал го победи ракот, Занети и Гигс трчаа до 40, а Ривалдо им водеше инает на годините и се повлече на 41.

Фудбалери што играа и за Милан и за Интер

Од Џузепе Меаца до Марио Балотели, долга е листата на фудбалери што го носеле дресот и на двата милански клуба. Некои преоѓаа директно, а некои доаѓаа од друг клуб и освојуваа трофеи со двете екипи. Од 2001. година, Андреа Пирло е најголемата болка на Масимо Морати, но и на Адриано Галијани. Derby della Madonnina се игра во недела од 20:45.

Фудбалерите на Милан го кренаа гласот против Сидорф

Според „Газета дело Спорт“ во соблекувалната на Милан атмосферата е зовриена, а дел од играчите прстот го вперија кон тренерот кој го обвинуваат за 10 работи.

Сидорф vs Симеоне

Милан и Атлетико Мадрид судбината вечерва ги судрува за прв во Лигата на шампионите, но нивните двајца тренери и славни поранешни борци од средниот ред фудбалскиот пат им создаде големо ривалство на теренот во различни клубови. Пет победи на Симеоне, две на Сидорф и едно реми.

Ќе успее ли Кларенс Сидорф?

Легендите на Милан Марко ван Бастен и Руд Гулит се првите кои се зачудија што токму нивниот помлад сонародник доби шанса на жешкото столче на „Сан Сиро". Преку анализата на uk.askmen ви ја претставуваме тезата што значи довчерашен славен и успешен играч да добие веднаш толкава тренерска одговорност.

Сидорф не престанува да воодушевува

Мајстор си е мајстор. Кларенс Сидорф и на 37 години дава голови како во најдобрите денови. Овој пат му ја искина мрежата на поранешниот соиграч Дида.

Сидорф доби телевизор

Кларенс Сидорф доби награда телевизор. И тоа не обичен телевизор, туку колор телевизор со телетекст и далечинско. Не е шега или монтажа. Ова е една постара снимка од холандско шоу каде учествувало и семејството Сидорф.