„Роналдо секогаш правеше циркуз. Каде и да одевме, јас му бев цимер и често го вадев од проблемите после глупостите кои ги правеше. Сепак, тоа беа добродушни шеги и минувавме преку тоа“.
„Со Сидорф во Милан имаше правила, ред и дисциплина. Имаше една анегдота со него, го викаа мистер што ги сзакажува тренинзите попладне за да може да спие наутро, но вистината беше друга. Сакаше да им угоди на играчите затоа што ако тренираш наутро, после имаш цел ден слободен“.
Тренерот на Милан, Синиша Михајловиќ на прес конференција:
„Што им кажав на играчите на полувремето? Им раскажав неколку приказни како што раскажуваше претседателот Берлускони пред некој ден".
Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри на прес конференција:
„Може да ми се допаѓа или да не ми се допаѓа, како сцена од филмот на Фантоци кога Филини лови риба и вели: Може да ти се допаѓа или да не ти се допаѓа".
Мино Рајола, агентот на Пол Погба за магазинот РМЦ:
„Минатото лето Пол одлучи да остане макар уште една година во Јувентус и мора секогаш да се почитува одлуката на еден играч кога е од срце, кое следното лето би можело да чука надвор од Италија".
Пјер-Емерик Обамејанг, напаѓач на Дортмунд за Л'Екип:
„На моменти ми велат дека сум многу добар. Па ако Кристијано Роналдо може да даде 50 голови за една сезона, зошто не би дал и јас? Мора да продолжам понатаму и да повторувам дека можам да станам како Роналдо и Меси. Со години зборев дека можам да дадам 40 голови во една сезона". Сега за сега постигна 25 голови сезонава.
Лучано Спалети, поранешниот тренер на Рома за 90':
„Во 2008-ма со Рома бевме близу Скудетото, но неколку судиски грешки не ни дозволија да го освоиме". Титулата таа сезона ја освои Интер во последното коло.
Енрико Мантовани, син на поранешниот претседател на Сампдорија за СпортИталија:
„Годината пред да го освоиме скудетото не пливавме во мирни води. Пресуди одлуката да го потпишеме Нилс Лидхолм. Се договорија, татко ми го зема телефонот и им се јави на Џанлука Виали и Роберто Манчини. И двајцата кажаа апсолутно не, затоа што Лидхолм ја правеше формацијата според картите. Тоа му го кажа Виали на татко ми. Останавме со него и на крај ја освоивме титулата".
Андреа Мандорлини, тренерот на Верона на прес конференција зборуваше за Валтер Ѕенга:
„Не би се кладел ниту во една лира дека Ѕенга може да стане тренер. Размислете малку: Го гледав само по емисии со Марија Де Филипи". На крајот Сампдорија ја прегази Верона со 4-1.
Никола Сансоне, напаѓач на Сасуоло за Газета дело Спорт:
„Ван Гал е голем учител и диктатор. Се јадеше на маси за четворица и за осуммина, а тој сакаше сите да бидат послужени пред да се почне со јадење".