- Крос, Милер и Манџукиќ беа стрелци на минатогодишната осминафинална гостинска победа на Баерн од 3:1, додека за домаќините стрелаше поранешниот нивни играч Лукас Подолски.
- Овие две екипи имаат уште едно претходно соочување во оваа фаза од ЛШ, а тоа се случи во 2005 година. По триумфот на Баерн од 3:1 пред своја публика, голот на Анри на реваншот беше недоволен за четвртфинале на Арсенал.
- Европскиот шампион е неприкосновен во Бундес лигата со 29 гостински натпревари без пораз, со што го срушија сопствениот рекорд кој го поставија во 1987 година.
- Баварците одбележаа десет победи во низа во најквалитетно клупско европско натпреварување со што ја минаа и Барселона која имаше девет во 2002/2003. Серијата на Германците заврши со поразот на домашен терен од Манчестер Сити во последното коло од групната фаза.
- „Топџиите“ по 26 кола загубија само четири пати во првенството и се на само бод зад лидерот Челси. Тие има два убедливи порази, оној од Сити со 6:3 и неодамнешниот од Ливерпул од 5:1 на гости. Тоа беше првата средба која Арсенал ја загуби кога во составот заедно играа цел меч дефанзивците Кошенли и Мертезакер.
- За германскиот состав ова ќе биде четврто гостување во Англија во рок од една година. На сите три успеа да слави, вклучувајќи го и финалниот меч на „Вембли“ против Борусија Дортмунд.
- На вечерашниот дуел во фокусот на вниманието ќе бидат многу германски репрезентативци. За домаќините настапуваат Мертезакер, Озил и Подолски кои ќе играат против Нојер, Боатенг, Лам, Швајштајгер, Крос, Милер и Гетце.
- Фудбалерите на Атлетико Мадрид имаат три победи на осумте гостувања во Италија, а ова ќе им биде прво соочување против Милан.
- Милан не успеа да ги мине сите последни четири битки во нокаут фазата против шпанските противници. Три пати беше елиминиран од Барселона(полуфинале 2005/2006), (четвртфинале 2011/2012), (осминафинале 2012/2013) и еднаш од Депортивно Ла Коруња ( четвртфинале 2003/2004).
- Изминатиов викенд шпанскиот состав се врати на победничките патеки по три последователни порази. Двата му беа од градскиот ривал во купот и едниот во првенството од Алмерија. Ова е всушност за нив најлошата серија по онаа од пет порази во низа помеѓу јануари и февруари 2011 година.
- Италијанците никако да мрднат од средниот ред на табелата во Серија А. Тие имаат само четири победи на последните 12 меча на домашен терен.
- Атлетико заедно со Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид е единствениот тим кој ја заврши групната фаза од ЛШ без пораз.
- Кларенс Сидорф вечерва нема да може да смета на казнетите Монтоливо и Мунтари, како и повредените Робињо, Ел Шарави и Бирса. Неизвесен е настапот на Кака и Ѕапата. Во составот на Симеоне ќе ги нема Тијаго, Фелипе Луис и Хавиер Манкиљо.