Сидорф vs Симеоне

Милан и Атлетико Мадрид судбината вечерва ги судрува за прв во Лигата на шампионите, но нивните двајца тренери и славни поранешни борци од средниот ред фудбалскиот пат им создаде големо ривалство на теренот во различни клубови. Пет победи на Симеоне, две на Сидорф и едно реми.

Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 3:1 (14 мај 1997) 

Првиот дуел на овие двајца фудбалери се случи во претпоследното коло од Примера пред скоро 17 години кога „Кралевите“ водеа битка за титулата во домашното првенство со Барселона. Холанѓанецот излезе како победник, а на крајот Реал стигна до 27 титула со два бода пред Каталонците. 

Реал Мадрид – Интер 2:0 (19 септември 1998) 

Селекцијата на Холандија славеше со 2:1 против Аргентина во четвртфиналната пресметка на Мундијалот во Франција 1998 каде Сидорф беше на клупата за резервни играчи. Втората нивна средба таа година се случи во групната фаза од Лигата на шампионите кога Сидорф ги постави конечниот резултат во последната минута. Диего Симеоне таа сезона го подигна пехарот во Купот на УЕФА. 

Интер – Реал Мадрид 3:1 (25 ноември 1988) 

Холанѓанецот ја затресе мрежата и на реванш дуелот во Милано по два месеца, но домаќините претходно имаа водство со голот на Заморано. Мечот го реши легендарниот Роберто Баџо со два гола во последните четири минути од мечот. Симеоне го одигра целиот натпревар. 

Лацио – Интер 2:2 (11 март 2000) 

Можеа да играат заедно но се разминаа. Симеоне го засили Лацио во 1999 година, а Сидорф се пресели на „Џузепе Меаца“. При вториот погодок на Интер кој го постигна Луиџи Ди Бјаџо, асистент беше Сидорф, а Симеоне беше заменет на полувремето со Фабрицио Раванели. Оваа сезона заврши среќно за Аргентинецот кој на крајот стигна до посакуваното Скудето со тимот на Лацио. 

Лацио – Интер 2:1 (12 април/18 мај 2000) 

По еден месец овие две екипи се сретнаа во Купот на Италија. Пехарот го подигна Лацио со вкупен резултат од 2:1 кој беше поставен на првата средба на „Олимпико“. Тоа беше уште една голема битка во средниот ред помеѓу овие двајца играчи. 

Лацио – Интер 4:3 (8 септември 2000) 

Сезоната им донесе уште едно финале кое повторно му припадна на Симеоне, а овој пат тоа беше во Суперкупот на Италија. Во голеадата од 4:3 не учествуваа овие двајца играчи. За Лацио стрелци беа на два пати Лопез и по еднаш Михајловиќ и Станковиќ. Головите за Интер ги постигнаа Кин, Фаринос и Вампета. 

Лацио – Интер 2:0 (21 јануари 2001) 

Хернан Креспо и Марчело Салас беа творци на триумфот за Лацио во италијанското првенство. Кларенс Сидорф настапи на целиот меч, а Симеоне влез во вториот дел. 

Лацио – Интер 4:2 (5 мај 2002) 

Најболниот пораз на Интер на „Олимпико“ во Рим се случи на овој ден кој не значеше ништо за домаќините. Интер требаше му требаа само три бода за Скудетото, но тој што се радуваше на крајот беше Јувентус. Најзаслужни за тоа беа фудбалерите на Лацио кои го декласираа противникот. Сидорф не настапи на овој меч, а Симеоне го постигна третиот гол за својот тим.

19 февруари 2014 - 18:04