Кларенс Сидорф нема освоено 5 трофеи во Лига на шампиони како еден Роналдо, туку 4 како еден Меси, ама он може да се пофали со нешто што не им успеало на двајцата кои постојано си ги мерат (трофеите).
Зборуваме за првиот и единствен човек на планетава кој успеал да го освои најелитното клупско натпреварување со три екипи. Прво со Ајакс во 1995-та, па со Реал Мадрид во 1998-ма и со Милан во 2003-та и 2007-ма.
На 24 мај 1995-та во Виена на бандата на Капело предводена од Малдини, Барези, Албертини, Панучи, Костакурта, Донадони, Масаро, Бобан и компанија и се спротивстави една друга опасна банда која ја водеше Ван Гал.
Во златниот Ајакс тогаш играа Ван дер Сар, Рајзингер, Блинд, Рајкард, браќата Франк и Роналд де Бур, Давидс, Литманен, Овермарс, Клајверт, Кану. Каква генерација на фудбалери.
Ама и едно младо момче по име Кларенс Сидорф кое на само 19 години добило доверба да игра финале во ЛШ против славниот Милан.
Е сега заборавете го тоа финале и возраста на Сидорф на тој меч и внимавајте што зборува Лилиан Турам за истото момче кое на горната слика личи на Мајкл Џексон.
Сидорд во дуел со Роналдо на мечот ПСВ - Ајакс, 1995-та година.
„Се сеќавам на првиот меч на кој го гледав како игра Кларенс Сидорф. Тогаш играше за Ајакс на меч против Оксер. Тоа што го видов на терен беше чудно и како такво ми остана во глава, бидејќи кога влезе во игра, веднаш почна да командува на терен и сите негови соиграчи му да ја даваа топката на него.
Што има тука чудно? Па имаше само 16 години“, објаснува Турам.