Странци кои најдолго играле за Милан

За богатиот музеј на Милан големи заслуги носат и фудбалери кои дојдоа од страна и долги години го носеа црвено-црниот дрес.

Кака, Бразил
Седум години во Милан каде играше во два наврати. Од август 2003 до јули 2009 и од септември 2013 до јули 2014. На 308 средби постигна 105 голови за Росонерите и стана клупска легенда.
 
Гунар Нордал, Шведска

Седум години во Милан, од јули 1949 до јули 1956. На 257 меча, постигнал дури 210 голови за Милан. На фотографијата е во средина.

Андреј Шевченко, Украина

Осум години во Милан. Од јули 1999 до јули 2006 и од август 2008 до јуни 2009. Неверојатниот Шева на 322 натпревари постигна 175 голови за Милан.

Марко Ван Бастен, Холандија

Како и Шевченко, и Ван Бастен својата класа ја потврди за осум години на Сан Сиро. Омилениот дрес го носеше од јули 1987 до јули 1995. година, освои гомила трофеи и на 201 меч постигна 124 голови за Милан.

Карл-Хаинц Шнелингер, Германија

За девет години во Милан, Германецот запиша 275 мечеви и постигна 3 гола. Играше на Меаца од јули 1965 до јули 1974 година.

Сержињо, Бразил

Девет години ја ораше левата страна на Милан каде играше од јули 1999. до јули 2008. година. На 281 меч даде 24 голови за Милан.

Звонимир Бобан, Хрватска

Стручниот коментатор на Скај Спортс за Милан играше 9 години, од јуни 1992. до јули 2001. година. На 251 меч постигна 30 голови.

Дида, Бразил

Легендарниот голман го бранеше голот на Милан од јуни 2000 до септември 2001 и од јуни 2002 до јули 2010, севкупно 9 години.

Каха Каладзе, Грузија

Бекот командуваше со одбраната на Милан од јануари 2001 до август 2010 година. На 284 меча постигна 13 голови. Во моментов е актуелен политичар во Грузија.

Кларенс Сидорф, Холандија

Од Интер дојде во ривалот и одигра цела деценија. Десет години од јули 2002 до јули 2012 година. На 431 меч даде 63 голови во црвено-црниот дрес, а подоцна стана и тренер на екипата.

Никлас Лидхолм, Шведска

12 години во Милан. Можеби најголема клупска легенда која играла од јули 1949 до јули 1961 година. На 394 натпревари дал 89 голови.

27 јануари 2016 - 10:11