Угледниот италијански весник утринава излезе со натпис дека на холандскиот стратег му е поставен ултиматум дека доколку загуби на двата следни меча во Серија А, ќе се прости од клупата. По само кратко време се појави листа со 10 обвинувања од играчите до Кларенс Сидорф.
1. Наместо на заеднички собир, тој разговара посебно со дефанзивците, играчите од средниот ред и напаѓачите.
2. Разговори на секој играч одделно со психолог.
3. Само попладневни тренинзи.
4. Премногу прекини за време на тренинзите и потоа долги објаснувања.
5. Многу фудбалери не играат на нивните природни позиции.
6. Премногу посветено внимание за Балотели. А другите?
7. Тврдоглав е и не прифаќа други идеи.
8. Чудни одлуки околу тоа кој да ја носи капитенската лента. На мечот со Наполи капитен бил Мексес по што многу се зачудиле.
9. Доцнењето на Сидорф во хотел кој бил уморен ден после поразот од Атлетико Мадрид.
10. Лош план за следната недела. По мечот против Лацио кој се игра следниот викенд, тимот ќе остане во Рим се до следното гостување против Фиорентина.
Милан има очајна сезона и се наоѓа на 11 позиција во Серија А со скор од девет победи, осум нерешени и 11 порази, а возот не им тргна во добар правец ниту со нивниот довчерашен играч кој на 12 меча има седум порази.