Барселона во сезоната 1996/1997 имаше страшен состав со Роналдо, Фиго, Стоичков, Гвардиола, Блан, Просинечки, Дела Пена, Попеску, Луис Енрике, а ги водеше Боби Робсон кој им донесе три трофеи: Копа Дел Реј, Куп на Куповите на победниците и Супер Куп на Шпанија.
Нивниот најголем ривал Реал Мадрид го доведе Фабио Капело од кој се бараше мислење дали клубот да ангажира двајца млади играчи кои настапуваат во Серија А.
„По успешните години кои ги минав во Милан го прифатив предизвикот да го тренирам Реал Мадрид. Тоа беше летото 1996-та кога Реал заврши на шесто место со 17 бода помалку од Атлетико Мадрид кој беше шампион во Шпанија. Таа сезона им беше за заборав и моравме да направиме тим без да потрошиме многу. Тогаш не беше така лесно во купувањето играчи, мораше да се биде внимателен во тие прилики, но беше убаво, требаше да се биде одличен стратег на пазарот.
Јас дојдов од Италија и со Милан освоив сè. Не сакав да кикснав во Шпанија, но мораше да бидеме внимателни затоа што Барселона само што го купи Роналдо, најдобриот фудбалер во светот и на некој начин моравме да одговориме. Ми се јавуваат и ми велат: Фабио имаме можност да ги купиме Роберто Карлос од Интер и Кларенс Сидорф од Сампдорија, а јас им реков: Што чекате?Два дена потоа и двајцата пристигнаа во Мадрид и реконструкцијата на престижниот клуб почна со овие тивки засилувања, еден 23-ти и 20 годишник. Знаев дека ќе бидат шампиони и веројатно се едни од најдобрите на своите позиции. Роналдо за Барселона постигна 34 гола и беше најдобар стрелец во Европа, но ние го освоивме првенството, исто така благодарение на овие две засилувања“, вели Капело.
Дел од реконструкцијата на Реал Мадрид таа сезона беа и други звучни имиња како Мијатовиќ од Валенсија, Шукер од Севиља, Панучи од Милан, Бодо Илгнер од Келн и Зе Роберто од Португеза.