Таг: мануел локатели

Дојде време да не е срамота да се навива за Милан

Винченцо Монтела ги заврати ракавите и со нискобуџетните играчи кои му ги донесе Галијани склопи каков таков тим и почна да бележи резултати со кои Милан неочекувано стана најголемото изненадување сезонава во Серија А.

Кога малиот Локатели му пишал на Фејсбук на Монтоливо

На 28. август 2012 година кога имал само 14 години, новата фудбалска надеж на Милан и Италија, Мануел Локатели му пишал на Фејсбук профилот на капитенот Рикардо Монтоливо: „Сакам да станам како тебе“. Неговиот коментар имал 19 лајкови и никој не претпоставувал дека после четири години и два месеци, Локатели ќе го замени Монтоливо во првиот тим.

На 18 години да му дадеш еврогол на најдобриот во свет

Мануел Локатели има 18 години. За првиот тим на Милан одигра 2 средби и постигна 2 гола (првиот со Сасуоло) од кои еден страшен, на дербито против Јувентус. Токму неговиот гол му ја донесе победата на Росонерите кои сега се втори со само два бода зад Јувентус.