Кристијан Виери од Лацио во Интер за 28 милиони фунти (1999)
Голема беше возбудата за навивачите на Интер кога направија рекорден трансфер во светот. Купувањето на Кристијан Виери значеше дека Роналдо добива партнер на ниво во напад.
Не беше трофеен период за Нероаѕурите, но нема навивач на Интер и општо миленик на италијанско кој не ја памети таа легендарна 32-ка. Виери за шест сезони постигна 103 гола за Интер.
Марсио Аморозо од Удинезе во Парма за 25 милиони фунти (1999)
Тие што се потсетуваат на најубавите времиња на Парма, кога ги набројуваат легендарните имиња, нема шанси да го рипнат Бразилецот Аморозо.
По феноменалната сезона во Удинезе каде играше во тандем со Бироф и со 22 гола го однесе тимот на шесто место, Млекарите го направија еден од најскапите напаѓачи во тоа време.
Винченцо Монтела од Сампдорија во Рома за 22,5 милиони фунти (1999)
Тоти-Монтела-Делвекио, а потоа им се придружи Батистута. Каков легендарен напад на Рома беше тоа. Вечно ќе се сеќаваат на Скудетото кое го освоија во 2001-ва, една сезона по она на нивниот градски ривал Лацио.
Монтела со прекар „авионче“ остана 9 сезони во Рим и влезе во Куќата на славните на Рома. Мало, ама опасно.
Хернан Креспо од Парма во Лацио за 40 милиони фунти (2000)
Незаборавно име од златната Серија А. Кога Серџо Крањоти ја виде способноста на Аргентинецот кој постигна 22 гола за Парма, два помалку од тогашниот прв стрелец Шевченко, го направи новиот најскап трансфер во светот.
Креспо дојде и постигна 26 гола со што стана најдобар стрелец во Серија А во сезоната 2000/2001. Ги изеде Шева, Киеза, Батигол, Виери, Сињори и ред другите легендарни напаѓачки имиња.
Руи Коста од Фиорентина во Милан за 30 милиони фунти (2001)
По седумте убави години во Фиренца, плејмејкерот доби заслужен предизвик наречен Милан. Пет сезони – пет трофеи, меѓу кои најважните Скудето и Лига на шампиони. Каква само прегледност на игра имаше овој човек.
Антонио Касано од Бари во Рома за 19 милиони фунти (2001)
6 гола на 48 натпревари беа доволно за Рома да го направи Касано еден од најскапите тинејџери во тоа време. Славниот италијанскиот напаѓач направи кариера, но помалку успешна од очекувањата, само поради неговиот специфичен карактер. Во Италија до пензија му остана прекарот „Талентот од Бари“.