Таг: антонио касано

Пет страшни ремек дела на Антонио Касано

Во 18 години кариера има 140 гола и 4 трофеи, а можеше многу повеќе, ама му фалеше малку повеќе памет. Блескаше во Рома и Сампдорија, но не го одигра своето во Реал, Милан и Интер. Многу беше јак додека играше во форма и на моменти незадржлив. Компилацијава е куса, ама ептен моќна.

Жестока преписка меѓу Касано и Мурињо

Палавиот Антонио Касано во Јутјуб подкаст кај Бобо Виери фати да се закача со Мурињо. Не само што доби аргументиран одговор, туку и реметење.

Како Касано се здебелил 14 кила за 7 месеци во Реал Мадрид

Црепот директно од тегла ја дробел нутелата, а му се пружи шанса да заигра во друштво со Зидан, Раул, Роналдо, Бекам, Карлос...

Деби голот на Касано во Серија А е антологиски

Растен во сиромаштија со мајка, но без татко, Антонио Касано го постигнува деби голот во италијанско како на детски сон кој му го менува животот. Во 88-ма минута и тоа против гигантот Интер, на само 17 години со што му носи победа на Бари, клубот кој само две години претходно го зема под свое.

Дејан Савичевиќ со еден негов фан

Дејо играше за Милан од 1992-ва до 1998-ма, период во кој едно дете кое собира топки, а сега познат италијански напаѓач му приоѓа да се слика со него. Се вика Антонио Касано.

Легендарните трансфери од италијанско за кои секогаш ќе се зборува

Серија А на крајот од 90-те го достигна врвот. Колку беше тоа јака лига говори фактот што од 92-ра до 98-ма имаше седум финалисти по ред во ЛШ. Јуве и Милан во таа декада заедно освоија осум Скудета, а трансферите се оние за кои уште се прави муабет кога ќе се седне на кафе. Одиме само со 6 од многуте.

Најхаотичните 18 дена на Касано кој доби понуда да игра за пита

Само еден играч на планетава земја во рок од една недела два пати се има пензионирано од фудбал. Со оглед на сите негови глупоштини во кариерата и не треба да не чудат овие постапки. Инаку најново, доби понуда од аматерски клуб каде му трдат дека нема да го пука носталгија за дома.

Талентот од Бари кој пропадна и остана без клуб поради карактерот

Да играш четири сезони во тандем со Тоти, потоа да те купи Реал Мадрид, па да ти дадат шанса Милан и Интер, а да не можеш да се освестиш ниту откако два пати ќе ти речат дека си непожелен во Сампдорија, треба да си навистина глуп.

Анегдотите на Касано со Бекам и Тоти

„Шест месеци живеев во домот на Франческо Тоти, а потоа две години не разговаравме", открива Касано за шпански АС и додава анегдоти поврзани со Дејвид Бекам во Реал Мадрид.

Деби голот на Касано во Серија А кој не се заборава

Бари - Интер 1:1, две минути до крај. 17 годишниот Касано прима топка од 50 метри и тоа со петица, па на глава и ги проаѓа Блан и Панучи за голема победа од 2:1 и делириум на стадион Свети Никола. Коментаторот: Касано не е свесен што направи. Потоа со години го носеше прекарот „Талентот на Бари“. Мечот се одигра на 18 декември, 1999-та.

Еден потпис и плагијат се стори

Фудбалската серија Погрешна кривина се емитуваше 18 пати, а главни и споредни улоги играа познати фудбалери од кои некои беа прогласувани за најдобри на светот, а потоа станаа само статисти и туристи.

Јуве е како една убава дунда која не ме возбудува

Во најновите изјави кои редовно ги собира на купче Газета дело Спорт, главен актер е Антонио Касано кој додека паузира со фудбал, им прави сериозна конкуренција на Ибрахимовиќ и Балотели во однос на давањето контроверзни изјави.

Парма втор пат продадена за едно евро

Во само два месеци, италијанскиот клуб два пати беше продаден за 60 денари, иако долговите на „млекарите" остануваат повеќе од 50 милиони евра.

Глумецот Џон Карју немаше кондиција за во Интер

Преодниот рок заврши, но до 27. февруари екипите ќе имаат можност да ангажираат слободни фудбалери, кои не се под договор со друга екипа. Во 2013. година Интер така го контактираше Норвежанецот Џон Карју, кој претходно доби понуда од друг клуб, но го одбра Интер.

Трчајте повеќе или седите дома

Со само три победи, едно реми и дури 16 порази, Парма се наоѓа во ужасна ситуација на дното на табелата во Серија А. Навивачите почнаа да го губат трпението, а пораките му ги кажаа на Касано, очи в очи. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски од овој месец повторно е на позајмица во второлигашот Латина.

Екскурзијата на Касано во Реал Мадрид

На 4. јануари 2006-та година, Фантантонио ја напушти Рома и потпиша договор со Реал Мадрид. Дојде како најголем талент на европскиот фудбал, а Мадрид го напушти по караниците со неговиот втор татко, Фабио Капело.

Ножички на Хоро, паненка на Касано

Екипата на Удинезе предводена од дуото Страмачови-Станковиќ ја совлада Парма со 4:2 и стигна до четврта победа по пет одиграни кола во Серија А, а репетицијата најмногу вреди да се погледне поради овие два атрактивни потега.

Касано ослабе 10 кг и бара да игра на Светско

Талентот од Бари, епитет по кој е познат и на 31 година, викендов одбележа јубилејни 100 голови во Серија А. Во кариерата имаше славни, но и контроверзни моменти, но сега тврди дека е целосно сменет и дека ќе биде најсреќен човек на светот ако игра на СП во Бразил.

Касано: „Во Интер ми се оствари сонот“

Антонио Касано повторно ја разбранува Италија. Контроверзниот напаѓач во интервју за италијанска ТВ станица говореше за проблемите во Милан, односите со Галијани и Алегри, потпишувањето за Интер, но и се покаја за конфликтите со Капело и претседателот на Сампдорија.

Касано пак стрела, Јуве остана на +3

По долга Антониот Касано за прв пат се најде во стартниот состав на Милан и постигна гол при победата од 1:4 на гостувањето кај Сиена. Јувентус ја одржа предноста од три поени со триумфот од 0:4 кај Новара.