Како Касано се здебелил 14 кила за 7 месеци во Реал Мадрид

Црепот директно од тегла ја дробел нутелата, а му се пружи шанса да заигра во друштво со Зидан, Раул, Роналдо, Бекам, Карлос...

Антонио Касано е приказна за себе која со години не може да се дораскаже во Италија и по весници и на тв. Што зелка беше во тоа главата. На едно гостување призна дека не му било по ќеиф кога требал да оди на тренинзи. Го мрзело.

По убавите години во Рома со Тоти, Монтела, Батистута и компанија, каде постигна 52 гола, Касано имаше можност за уште поголем напредок во клуб кој мисли само на трофеи и еден од најголемите во светот.

Но беше и остана лик со многу специфичен карактер кој не успеа да скроти ниту еден Фабио Капело. Во Мадрид пристигна во јануари 2016-та и стана втор италијански играч кој потпишал за Кралевите после Кристијан Панучи.

Отиде здебелен по што веднаш го ставија на режим. Успеал да ослабе 12 кила, но потоа повторно се врати на старо со образложение дека таков спонзор им се паднал, па се здебели 14.

„Во Реал Мадрид едвај успеав да ослабам 12 кила. Потоа дојде Канаваро и повторно ги накачив. Еден од спонзорите на клубот беше Нутела и секој месец ни даваа по 5 кила.

Кога дојде Капело постигнав два гола на два меча и се чувствував како крал на светот. Потоа ме замени на меч против Лион, се расправав со него и ме исфрли од тим.

За седум месеци се здебелив 14 кила. Јадев Нутела директно од тегла и не ми беше гајле“.

Касано играше за Реал сезоните 2005/2006 и 2006/2007, а на 29 меча постигна само 4 гола.

Со оглед на потенцијалот кој го имаше освои премалку во кариерата, само четири трофеи. По една титула со Реал и Милан, како и два пати Супер Куп на Италија со Рома, па со Милан.

Кариерата ја заврши неславно во 2016-та кога претседателот на Сампдорија Масимо Фереро го исклучи од првиот тим и му дозволи ако сака да тренира со младинците.

Чекајте малку, Касано е тоа. Потоа го облече дресот на Верона, ама само го облече, па си играше со клубот играм - не играм. и никогаш не заигра.

На 8 октомври 2018 година почна пак да тренира, но по само пет дена со писмо официјално го објави заминувањето од фудбалот, 2 години и 5 месеци по последниот одигран официјален натпревар. Каков човек.

29 јануари 2021 - 10:28