По серијата статии за јануарските трансфери, сега ќе се свртиме кон фудбалерите кои беа слободни на пазарот и ги разгледуваа сите понуди.
Очигледно дека во моментов Антонио Касано е најголемото име од фудбалерите кои не се под договор и се слободни во изборот на нова средина. Касано очекува повик да се врати во Интер, а во неговиот роден град Бари го чекаат како Марадона во Неапол на времето.
Во 2013. година имаше епизода која го одбележа преодниот рок во Италија. Да научиш од грешките во минатото и да не ги повторуваш во сегашноста. Тоа му се случи на Интер во 2013-та. Пред две години нероаѕурите имаа недостиг од напаѓачи, затоа што повредени беа Диего Милито, Родриго Паласио, Антонио Касано и Томазо Роки кој дојде во јануари истата 2013. Интеристите се насочија на пазарот и на листата го најдоа Џон Карју, Норвежанецот кој веќе играше за Рома.
Карју беше слободен играч една година, затоа што претходно Вест Хем не го продолжи договорот со него кој истекуваше во 2012. година. Интер прати понуда, но Карју (тогаш 33), со месеци не играл фудбал. Се занимавал со сликарство, со кино (се појави како глумец во еден филм), а фудбалот го запоставил. Повикот од миланскиот клуб го изненадил, но Џон Алиу Карју го фатил првиот авион за Италија.
Во Интер се чуделе што Норвежанецот не ги поминал медицинските тестови, така што неговото второ искуство во Италија заврши уште пред да почне. Интер барал на договорот да му претходи 2-неделна проба, за да се уверат во неговата физичка состојба, но Карју паднал уште на првите тестови.
„Интер сака да му се заблагодари на норвешкиот напаѓач за големото разбирање и покажаната професионалност. Сепак, неговата физичка подготвеност не е на потребното ниво и тој ќе мора да помине период од неколку недели додека се врати во форма“, стоеше во соопштението на клубот.
Од друга страна, Карју се врати на неговиот лагоден живот, кој редовно го покажуваше на својот Инстаграм акаунт.
Лична Карта: Лоренског (Норвешка) на 5. септември 1979. (35 години)
Позиција: Напаѓач
Кариера: Валеренга, Розенборг, Валенсија, Рома, Бешикташ, Лион, Астон Вила, Стоук Сити, Вест Хем.
Репрезентација: Норвешка, 91 настап, 24 голови.
Позиција: Напаѓач
Кариера: Валеренга, Розенборг, Валенсија, Рома, Бешикташ, Лион, Астон Вила, Стоук Сити, Вест Хем.
Репрезентација: Норвешка, 91 настап, 24 голови.