Антонио Касано се запиша во листата на стрелци по пауза од шест месеци. По долгата пауза заради операцијата на срцето, Касано за прв пат се најде во стартнот состав и го постигна водечкиот гол за Милан на гостувањето кај Сиена.
Два пати стрелаше Златан Ибрахимовиќ со што најдобриот реализатор во лигата стигна до бројката од 26 голови, а својот десетти гол го постигна и Ночерино, фудбалерот за кого Милан плати само 500.000 евра.
Јувентус не само што ја продолжи серијата без пораз, туку и го израмни рекордот на Интер кој во сезоната 2004/05 беше непоразен 39 натпревари.
Резултатот во Новара го отвори Мирко Вучиниќ, а на полувремето веќе беше 0:2 со голот на Бориело. Во продолжението стрелаа Артуро Видал и Вучиниќ по втор пат за конечни 0:4.
Јувентус ја задржа предноста од три кола пред крајот и би можел и математички да ја обезбеди титулата со победи на следните два натпревари, каде не би требало да имаат тешка задача против Лече и Каљари.
СЕРИЈА А - 35. КОЛО:
недела:
Болоња - Џенова 3:2
Портанова 24, Рамирез 38, Гариќ 67 - Паласио 59, Жоркера 77
Интер - Чезена 2:1
Оби 59, Зарате 72 - Чечарели 57
Аталанта - Фиорентина 2:0
Денис 11, Бонавентура 51
Новара - Јувентус 0:4
Вучиниќ 16, 64, Бориело 40, Видал 50
Сиена - Милан 1:4
Богани 83 - Касано 26, Ибрахимовиќ 29, 90+5, Ночерино 90
Лече - Парма 1:2
Томовиќ 83 - Џовинко 67, Палета 78
20.45 Удинезе - Лацио
сабота:
Рома – Наполи 2:2
Маркињо 41, Симплисио 88 - Зунига 49, Кавани 67
Палермо – Катанија 1:1
Миколи 47 – Легротаље 25
Каљари – Киево 0:0