Преодниот рок за речиси сите европски лиги заврши. И покрај најавите за штедење и оптимизација на трошоците предизвикани од глобалната пандемија, некои клубови решија да потрошат многу пари на трансфери за нови засилувања.
Паднатиот гигант сфати дека мора да почне од нула, со нова структура, нов тренер, нова екипа и нов проект, за да се врати онаму каде што му е местото - на врвот на италијанскиот, европскиот и светски фудбал. Каков проект има новата управа?
Серија А на крајот од 90-те го достигна врвот. Колку беше тоа јака лига говори фактот што од 92-ра до 98-ма имаше седум финалисти по ред во ЛШ. Јуве и Милан во таа декада заедно освоија осум Скудета, а трансферите се оние за кои уште се прави муабет кога ќе се седне на кафе. Одиме само со 6 од многуте.
Жозе е најтажниот тренер летово. Прво го викнаа да анализира натпревари од Светското на канал кој немаше права на пренос, после поради обврски го пропуштил полнолеството на ќерка му, па му почнале фудбалските проблеми.
Еден од ривалите на Вардар во првата историска сезона од групна фаза во Лига Европа, рускиот Зенит ја игра најлошата сезона во последните неколку години и неверојатен петти пат по ред остана со куси ракави.
„Да не беше војската, денес немаше да бидам упорен, настојчив и отпорен на стрес“, вели најбогатиот Кинез Ванг Цијанлин којшто пред неколку дена ги купи Нико Гаитан и Јаник-Фереира Караско од Атлетико Мадрид каде имаше акции.
Каде ли ќе беше сега Кристијано ако на времето место во Јунајтед потпишеше за Парма? Или можете ли да го замислите Хамес Родригез во дрес на Бари? Серија А и најбомбастичните трансфери кои пропаднаа во 5 до 12.