Било скоро сè договорено, а трансферот на Серџо Крањоти бил најавен во Марка. Роналдо во Лацио за годишна плата од 6 милијарди лири (3 милиони евра). Потоа во 5 до 12 се вмеша Интер и сонот на Римјаните остана неостварен.
На Торино му препорачале млад Бразилец од Гремио кој игра како полушпиц, а со него требало да дојде и брат му кој имал 8 години. Гремио ја одбил спогодбата, а инаку името на малиот е Роналдињо.
Претседателот на Јувентус, Џампјеро Бониперти за него изјави: Беше единствениот шампион кој ни недостигаше. Инаку бил информиран дека е завршена работата со аргентинската легенда.
Колку само ќе се сменела историјата околу Наполи и Марадона ако се случел овој трансфер.
Договорот речиси паднал. 11 милиони евра во Спортинг, Роналдо во Парма. Но Португалците пресекле во последен момент, а потоа младиот Кристијано заврши во Јунајтед кај Фергусон.
Голем кикс на раководството на Интер во 1978-ма година. Го имале в раце Мишел Платини, но очигледно биле лошо информирани за физичката подготвеност на француската легенда која потоа играше за Јуве.
Договорот беше Пато и пари во Сити, Тевез во Милан. Но муабетите се дека работата во последен момент ја расипал Берлускони. Потоа Тевез го облече дресот на Милан.
2004-та година. На Лацио му предложиле двајца фудбалери 84-то годиште. Тевез и Маскерано. Ништо од договорот. На крај во Рим слетале Естебан Гонзалес и Таламонти.
Се работело за трансфер од 1,5 милиони евра. Киево се труделе да го купат, биле блиску до потпис, но неговиот бразилски клуб Баранкила одбиле.
Хамес Родригез во Бари? Па како и кога тоа? Кога Јуве бил спремен да го купи и потоа да му го позајми на Бари кога се вратил во прва лига. Зделката пропаднала.
Се работело за можен трансфер уште додека Погба како помлад бил на Олд Трафорд. Шпекулациите говорат дека договорот пропаднал поради лошите односи на Интер и агентот на францускиот фудбалер кој се вика Мино Рајола.