Минатата година навивачите на Зенит викале дека полошо од ова со Мирчеа Луческу (трофејна романска легенда) не може да биде. Шефот на Газпром Алексеј Милер отворено кажал дека ќе направи сè за да ја врати екипата на прав пат.
Прво ја менувал управата: во клубот се вратил победничкиот функционер Сергеј Фурсенко со кого Зенит ја освоил првата титула. Потоа го доведоа Роберто Манчини наместо Мирчеа Луческу со надеж дека после Лучано Спалети ќе биде подобро со втор Италијанец.
И на крај целосно го обновиле составот: минатото лето Зенит кој го гледавме на „Филип Втори“ за трансфери потрошил 85 милиони евра! А во зимскиот преоден рок кога сфатиле дека не оди како треба, потрошиле уште 9,3 милиони евра на помали трансфери од лигата (Набиулин, Оздоев, Заболотни).
И покрај тоа што потрошил 94,3 милиони евра на нови фудбалери и уште неколку милиони на нови функционери, Зенит ТРЕТ ПАТ ПО РЕД не се пласираше во Лига на шампиони и заврши на 5. место.
Ова е најлоша сезона за Зенит од Санкт Петербург од 2008 година - тогаш исто завршиле петто место но тоа лесно се објаснува зошто тогаш имаа голем поход во Европа каде го освоија тогашниот Куп на УЕФА. Поради славјето во Купот на УЕФА Зенит го батали домашното првенство и размислуваше на Супер Купот на Европа таа есен.
Во сите следни 8 сезони Зенит беше во Топ 3 (3 пати шампион, 2 пати втор, три пати трет) а сега во најдобар случај може да биде четврт само ако Краснодар изгуби дома.
Два статистички показатели демонстрираат нелогичности: Во најдобар случај со Манчини ќе освојат 53 бода на крајот, а најлош резултат на Зенит во последните 5 години на крајот од сезона бил 59 бода. Сезонава постигнаа 40 гола а така сиромашно во нападот не било уште од 2002 година (36 гола).
Головите се главната болка на Манчини. После повредата на Кокорин статистиката станала ужасна. Есенскиот дел бил мизерен: 4 од 9 меча Зенит останал без гол, напаѓачите дали во просек помалку од 1 гол, стоперите три а играчите од среден ред 4.
Зимата и почетокот на пролетта Зенит имал три нерешени по ред со резултат 0:0. Такво нешто не се случило од 2006 година. Во есента Зенит го повторил клупскиот анти-рекорд без постигнат гол - сува серија од 384 минути. Такво анти-достигнување имале во 1997 година.
Санкт Петербург е разочаран. Навивачите тешко ќе проголтаат уште една сезона без Лига на шампиони.
Нов шампион на Русија е Локомотив Москва која на чудесен начин од аутсајдер се проби на врвот пред ривалите и заслужено слави нова титула.